Книгата на годината според „Гудридс“ ‒ „Дејзи Џонс енд Д Сикс“, објавена на македонски јазик

Книгата на годината според најголема светска заедница на љубители на книгите „Гудридс“ (Goodreads), „Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Само неколку месеци по прогласувањето за една од трите најпопуларни книги, како и најдобрата во областа на историска фикција според „Гудридс“, книгата излезе и на македонски јазик. Книгата, исто така, е бестселер на „Њујорк тајмс“.
Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува.
Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда…

Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.