Сѐ со цел да ги поттикнеме читањето и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, деновиве ја почнавме акцијата видеочитална, во чии рамки на нашиот канал на „Јутјуб“ објавуваме видеа во кои вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ги читаат омилените детски книги. „Облачињата кои не сакаа да плачат“, „Бајки од Македонија“, „Кучето што Нино го немаше“, „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 1 и 2“, „Шарено Марено“, „Аги и Ема”, „Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви“ и „Чарли и фабриката за чоколадо“ се само дел од насловите, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“ кои ќе имате можност да ги слушнете онлајн. Ви ги преставуваме неколкуте видеа од оваа кампања.
*Книгите се достапни во книжарниците „Литература.мк“, а може да се нарачаат на http://www.literatura.mk.