Се наближува роденденот на Исидора Мун. Татко ѝ предложува да направат традиционална вампирска забава, а мајка ѝ претпочита типичен самовилски роденден. Но, Исидора посакува вистински детски роденден каков што имала нејзината другарка Зои ‒ со маски. На нејзината среќа ќе нема крај, кога родителите ќе ѝ дозволат да има роденденски маскенбал. Но, таа се двоуми, во што да се маскира? Во дуќанот за костими за маскенбал има голем избор: дали да биде балерина, сирена, диносаурус, сладолед, принцеза, вештерка или пак можеби како Розовото зајаче? Каква маска ќе избере Исидора и во што ќе бидат маскирани нејзините другарчиња прочитајте во „Исидора Мун слави роденден“… Како вие ќе се маскирате овој Први април?
„Исидора Мун слави роденден“, е една од осумте книги од серијалот на Хариет Мункастер, на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Покрај оваа книга застапени се и „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“ и „Исидора Мун оди на екскурзија“.
Која е Исидора Мун?
Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ – вампир, а таа е по малку од двете. Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа – во училиштето за самовили или во училиштето за вампири? Исидора многу сака балет, особено кога е облечена во нејзиното црно блескаво фустанче и едвај чека да оди на вистинска балетска претстава заедно со нејзините соученици. Но, кога се крева завесата, каде е Розовото зајаче? Исидора ги сака и детските роденденски забави, а сега ќе има и сопствена роденденска забава! Но, кога роденденската забава ја организираат мајка ѝ и татко ѝ, забавата нема да биде како оние на кои била досега.
Кога, пак, со своето семејство заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени… Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора!
Книгите може да ги нарачате онлајн на следниот линк.