Пет нови книги за сите љубители на мачки

Тие се мили, но палави, сакаат да се галат, но се независни, навидум незаинтересирани, но многу љубопитни, често мрзливи, но супербрзи. Ова веќе добро го знаат сите љубители на мачките, кои во својот дом се грижат за едно (или повеќе) вакво милениче. Мачките често се појавуваат како инспирација за разни уметнички дела, а многу често се дел од литературата, преставени како главни протагонисти или, пак, како верни придружници на луѓето. Неoдaмна во издание на „Арс Ламина“ излегоа од печат неколку нови книги во чиј фокус се мачките. Ви претставуваме пет наслови од литературата за деца, кои веруваме дека ќе им се допаднат и на возрасните љубители на мачките.

1. „Историја на уметност со 21 мачка“ од Дијана Ваулс и Џоселин Норбури

Фелис Катус, подобро позната како нашата мила домашна мачка, е ценет другар на човекот уште од најстари времиња. Таа е симбол на културата и префинетоста, олицетворение на фантазијата на старите Египќани, кои на мачките им укажувале највисока почит. Нашите крзнени пријатели се прикрадувале во ателјеата на многу уметници, како Пабло Пикасо, Клод Моне и Џорџија О’Киф. Затоа, се чини соодветно овде да наведеме 21 култивирана мачка додека патуваме низ историјата на уметноста. Од уметноста на Стариот Египет и Византија, до откачениот и екстремно успешен свет на групата „Млади британски уметници“, ќе ги истражиме стиловите што се обележје на важните движења во уметноста и уметниците што ги предводеле.
Елементите што се користеа за да се создаде списокот на 21 мачка, се наведени со објаснување за тоа како тие влијаеле врз работата на одреден уметник или врз одреден аспект од уметничкото движење. Зошто да не ги искористите истите елементи да си создадете ваш личен „мачковник“?
Книгата „Историја на уметност со 21 мачка“ од Дијана Ваулс и Џоселин Норбури е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн за нарачка преку следниот линк.

2. „Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата“ од Дермот О’Лири

О, здраво! Веќе си тука. Совррршено! Ова е Тото и таа е прекрасна.
Но, таа не е обична рунтава мачка.
Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко. Оваа возбудлива авантура Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.
Книгата „Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата“ од Дермот О’Лири е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн за нарачка преку следниот линк.

3. „Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето“ од Дермот О’Лири

Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно! Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл. Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ѝ требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето.
Книгата „Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето“ од Дермот О’Лири е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн за нарачка преку следниот линк.

4. „Кити и Златниот тигар“ од Пола Харисон

Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. Во приказната „Кити и Златниот тигар“ Кити е нетрпелива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној кој ја поседува… Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето?
Книгата „Кити и Златниот тигар“ од Пола Харисон е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Кити и спасувањето на месечеватата светлина“ од Пола Харисон

Приказната во „Кити и спасувањето на месечеватата светлина“ почнува да се заплеткува кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?
Книгата „Кити и спасувањето на месечеватата светлина“ од Пола Харисон е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.