Бистра Георгиева препорачува топ 5 книги за време на домашна изолација


Класици од литературата за деца и за возрасни, автобиографии и култни романи се дел од листата со топ 5 препораки за време на изолацијата, што ни го испрати авторката на „Џиновска продавница за фантазии“, Бистра Георгиева. Таа вели:
‒ Ќе појдам од себе со препораките и онака како јас ја доживувам изолацијата. Иако, мислев дека многу од времето ќе го искористам за читање, некако немам трпение ниту концентрација за купот книги кои чекаат ред. Затоа, моите предлози ги гледам како кратки премини и мостови од една состојба на изолација во друга состојба на изолација, без при тоа да претендирам на нешто што и мене не ми успева.

1. „Виор од лисје“ ‒ Габриел Гарсија Маркес

Одлична новела. Се случува во една соба во краток временски период, кога Полковник се обидува да организира достоинствен погреб на докторот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле да изгние онаму каде што починал. Сега дури читам дека е тоа неговата прва новела за која му требале седум години да најде издавач.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.


2. Агата Кристи: Автобиографија


За сите оние кои ја сакаат Агата Кристи одлична можност да се ѕирне во нејзиниот живот. Особено е за препорака бидејќи се работи за автобиографија.
Романот-мистерија на Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е нејзината сопствена автобиографија. Во текот на три децении по нејзината смрт на 12 јануари 1976 година, многу читатели и книжевни критичари на делата на Агата Кристи ова дело го издвојуваат како најинтересното, а сепак најмалку познато. Нејзината веродостојна автобиографија, во најголем дел пишувана ви шеесеттите години, скромно го игнорира фактот дека Агата веќе станала најпродаван автор на романи во историјата и се фокусира на нејзиниот фасцинантен приватен живот. Од раното девство кон крајот на ХIX век, преку два брака и две светски војни, како и нејзиното искуство како писател и како придружник на археолошките експедиции на нејзиниот втор сопруг, Макс Малован, Агата споделува детали од нејзиниот шарен и понекогаш комплексен живот со вистинска страст и отвореност.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

3. „Ловец во ’ржта“ ‒ Џ.Д. Селинџер

 

Не би се осмелила да напишам зошто треба да се прочита оваа книга. Селинџер за мене е еден од најголемите. Покрај „Ловец во ’ржта“ ги препорачувам „Френи и Зои“ и сите негови раскази, за жал, не се многу.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

4. „Дневникот на Ана Франк“

 

За младите но, и за возрасните кои не стигнале да ја прочитаат. Овој дневник нѐ потсетува на злосторствата кои ги правеле фашистите, нешто што не треба да се заборави и за кое треба постојано да бидеме свесни дека не смее да се повтори! Днeвникот на Ана Франк е така напишан, да и по толку време сликите и настаните опишани во него ми се длабоко врежани.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Волшебникот од Оз“ од Л. Френк Баум

За уште помалите. Да не ги забораваме ремек-делата како оваа книга. Мислам дека е многу важно да се негува фантазијата.
Следи ја патеката од жолти тули! Дороти мисли дека никогаш нема да се врати дома, откако торнадо ја вовлекува неа и нејзиното кученце Тото и потоа ги исфрла во еден магичен свет. За да стигне дома, Дороти прво мора да го најде волшебникот од Смарагдниот град Оз. По пат ги сретнува Страшилото, Лимениот дрвосечач и Плашливиот лав. Но, Злобната вештерка од Западот има свои планови за девојчето! Дали Дороти ќе успее да се врати дома?
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.