Најпознатите дела од Шекспир адаптирани за деца во издание на „Арс Ламина“

 

Најпознатите драми од легендарниот британски драмски автор и поет Вилијам Шекспир неодамна излегоа од печат адаптирани за најмладите читатели , во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во едицијата „Шекспир за деца“ на македонски јазик се вкучени осум книги: „Ноќ спроти водици“, „Крал Лир“, „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Зимска приказна“, „Многу врева за ништо“, „Ромео и Јулија“ и „Како што милувате“. Овие куси наративни и илустрирани верзии на драмите сe прилагодени за помладите читатели. Децата можат самостојно да ги читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може да се користат и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини. Серијалот е одлична можност децата уште од мала возраст да се запознаат со делата и значењето на Шекспир, нешто што се подразбира како дел од општата култура на секој човек.
За сите деца-љубители на пишаниот збор, кои се љубопитни да ги откријат овие приказни, претставуваме куса содржина на секоја од книгите.

1. „Ноќ спроти Водици“

„Ноќ спроти Водици“ од Вилијам Шекспир е извонредна комична љубовна приказна. Драмата започнува со бродолом, во кој Виола, една млада аристократка по потекло, бидува раздвоена од нејзиниот брат, идентичен близнак, Себастијан, па завршува исфрлена на бреговите од Кралството Илирија. Тука започнува оваа забавна приказна со заменети идентитети и осуетена љубов.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

2. „Крал Лир“

„Крал Лир“ е една од најголемите трагедии на драмскиот мајстор Вилијам Шекспир. Драмата се фокусира на Лир, остарениот крал на Британија и неговите три ќерки, Гонерил, Реган и Корделија. Кога Лир сака да се повлече од престолот, решава да го подели своето кралство меѓу неговите три ќерки и секоја од ќерките ја прашува колку го сака. Гонерил и Реган, алчни да го земат својот дел, му даваат додворувачки одговори, а Корделија молчи, што го налутува Лир и поради тоа се откажува од неа. Драмата ја раскажува судбината на Лир откако ќе се откаже од своето кралство и ќе си го уништи односот со ќерките.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

3. „Ричард Трети“

„Ричард Трети“ е една од најпопуларните историски драми на Вилијам Шекспир. Се случува во последните години од Војната на розите, кога првиот и последниот крал од династијата Јорк владеат со Англија. Во драмата, грбавиот Ричард, војводата од Глостер, копнее по тронот на брата си и ништо не може да го сопре на патот до него. Тоа вклучува убиство, предавство и манипулации со семејството, со пријателите и со непријателите, но во ова дело се и некои од најпознатите реченици на Шекспир.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

4. „Хамлет, принцот од Данска“

„Хамлет, принцот од Данска“ е една од најпопуларните трагедии од легендарниот драмски писател Вилијам Шекспир. Ја раскажува тажната приказна за Хамлет, принцот од Данска, кој, по смртта на татко си, се враќа од Витенберг за да се соочи со страшниот заговор на чичко му Клавдиј и мајка му, кралицата Гертруда. Драмата се врти околу тоа како Хамлет ја дознава вистината за смртта на татко си и бара одмазда.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Зимска приказна“

„Зимска приказна“ е една од најпопуларните комедии од Шекспир. Драмата првпат е објавена во 1623 година, а оттогаш, со голем успех, била изведувана ширум светот. Дејствието се одвива во Сицилија и се врти околу главниот лик, кралот Леонт, кој е обземен од сомнежи во врска со верноста на неговата сопруга. Љубомората го наведува да скова заговор за убиство на неговиот најдобар пријател, да ja затвори жена си и да се откаже од нивното неродено дете. Драмата се одвива во период од шеснаесет долги години за време на кои Леонт ги сфаќа сопствените грешки, па конечно се соединува со својата отуѓена сопруга и ќерката.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

6. „Многу врева за ништо“

„Многу врева за ништо“ е популарна комедија од најголемиот драмски автор на сите времиња, Вилијам Шекспир. Дејствието на драмата се одвива во мирниот град Месина на Сицилија, каде што два пара љубовници, Бенедик и Беатриче, и Клаудио и Хера, се среќаваат во куќата на Леонато, кој е татко на Хера и чичко на Беатриче. Бенедик и Беатриче влегуваат во меѓусебна војна на задевање, додека Клаудио и Хера меѓу себе се заветуваат на љубов и решаваат да се венчаат. Арно ама, во еден неочекуван пресврт на работите, Хера и Клаудио се разделуваат, а Бенедик и Беатриче признаваат дека се вљубени.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

7. „Ромео и Јулија“

Славена како една од најголемите романтични трагедии напишана некогаш, Ромео и Јулија на Вилијам Шекспир е трагична љубовна приказна за „злосреќните љубовници“, Ромео и Јулија. Дејствието е во градот Верона, во Италија, а драмата се развива околу кавгата помеѓу две богати семејства, Монтеки и Капулети. И покрај непријателството, Ромео Монтеки и Јулија Капулети страсно се вљубуваат и во тајност се венчаваат. Арно ама, проклетството на непријателството надвладува и сè се одвива ужасно лошо.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

8. „Како што милувате“

„Целиот свет е сцена…“ Една од најцитираните реченици од Шекспир првпат се среќава во оваа драма. Дејствието на „Како што милувате“ е сместено во волшебната Арденска шума каде што Розалинда, ќерката на протераниот војвода, и Орландо, синот на еден од дворјаните на татко ѝ, се вплеткуваат во љубовна игра и заменет идентитет.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.