За време на изолацијата најбарани книги за деца од „Литература.мк“ се: „Бајки од Македонија за цела година“, „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 1 и 2“ од Елена Фавили и Франческа Кавало и книгите од серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер. Исто така, доста се барани и едукативно-дидактичките изданија: Збирки задачи и активности по математика, по хемија, физика и по биологија, прирачниците и вежбанките по предметите општество, природни науки и работа со компјутер, кои на учениците (па и на родителите) токму сега им се од огромна корист при учење од дома. Прочитајте повеќе за најбараните книги.
1. „Бајки од Македонија за цела година“
Ова издание ги содржи најубавите бајки од македонската народна традиција. Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тантелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници? И кој бил змејот од Пелистер? Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици. Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.
Во новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“, покрај четирите веќе промовирани бајки од Македонија, има уште 48 нови приказни, меѓу кои: „Силјан штркот“, „Цане и ламјата“, „Змејот од Пелистер“, „Принцезата војник“, „Принцезата Ѕвезда и лошата царица“, „Тројцата царски синови и трите јаболкници“ итн. Изборот и адаптацијата на бајките е на Билјана С. Црвенковска, уредник во „Арс Ламина“.
Книгата може да се нарача онлајн на следниот линк.
2. „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 1 и 2“ од Елена Фавили и Франческа Кавало
Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ, за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности. Неодамна, во светски рамки излезе вториот дел од книгата.
Првиот дел е достапен на следниот линк.
Вториот дел е достапен на следниот линк.
3. Серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер
Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ – вампир, а таа е по малку од двете. Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа – во училиштето за самовили или во училиштето за вампири? Исидора многу сака балет, особено кога е облечена во нејзиното црно блескаво фустанче и едвај чека да оди на вистинска балетска претстава заедно со нејзините соученици. Но, кога се крева завесата, каде е Розовото зајаче? Исидора ги сака и детските роденденски забави и сега ќе има и сопствена роденденска забава! Но, кога роденденската забава ја организираат мајка ѝ и татко ѝ, забавата нема да биде како оние на кои била досега.
Кога, пак, со своето семејство заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени… Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора!
Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ се објавени осум книги од серијалот за Исидора Мун.
Книгите може да ги нарачате онлајн на следниот линк.