Остани дома со „Астрорум“

Една од ретките емисии од областа на културата кај нас, која преку серија интервјуа со реномирани јавни личности, ги промовира уметничките и културни вредности, „Астрорум“, го прилагодува својот концепт на актуелната ситуација со коронавирусот. Имено, проектот на „Литература.мк“, уредуван и воден од Бранка Костиќ-Марковиќ, кој се емитува на ТВ 24, и на јутјуб-каналот Literatura.mk подготви специјален серијал, кој од утре (28 март, сабота) во 13 часот ќе се емитува под наслов „Остани дома во Астрорум“.

‒ Со оглед на моменталните глобални случувања со пандемијата на коронавирусот, кои буквално ја ставија целата популација во излација во своите домови, единствен контакт со надворешниот свет се различните интернет-платформи и телевизиските содржини. За среќа, во едно вакво време на изолација и препораки за минимален физички контакт, модерните технологии овозможуваат да се создаде квалитетна ТВ-програма и без директен контакт меѓу учесниците и креаторите на ТВ-содржините. Па така, веќе од утре, на ТВ 24, како и на нашиот јутјуб-канал и блогот Literatura.mk ќе можете да го следите специјалниот серијал на нашата долгогодишна емисија со поднаслов „Остани дома“ ‒ вели Бранка Костиќ-Марковиќ.

Во првото издание на „Остани дома во Астрорум“, кое премиерно ќе биде емитувано утре (28 март, сабота) во 13 часот и репризно во недела, во 13 часот, гостува нашата врвна пијанистка и педагог Маја Кастратовиќ, која две децении живее и работи во Словенија. Културата, литературата и уметноста не можат да чекаат. Ним им треба континуиран живот и безрезевна поддршка, а оваа емисија е токму таква.


Во крајно изолирани и безбедни студиски услови, со обезбедената техничка платформа на продукцијата „Мунлајт“, а со поддршка на програмата ЕУ ЗА ТЕБЕ на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, нашата уредничка Бранка Костиќ-Марковиќ ќе разговара онлајн со своите гости-учесници од цела Европа. Тие преку нивните лаптопи, таблети, мобилни телефони, на многу едноставен начин и без доцнење, и со квалитетна слика и тон, можат да дебатираат, разговараат и разменуваат мислења.

„Астрорум“ претставува еден вид на разговорница каде меѓународно успешни личности, неретко и во живо пред публика, ги споделуваат своите размисли за литературата, уметноста и културата. Со ова, „Литература.мк“ покрај својата основна мисија за доближување на книжевноста до поголем број читатели, полека ги остварува и своите други цели – да стане вистинско сврталиште на целиот интелектуален потенцијал во земјава, но и пријатно место за сите добронамерници кои сакаат да зборуваат за книжевноста и уметноста.

2 thoughts on “Остани дома со „Астрорум“

  1. Pocituvana redakcijo,
    bi sakal redovno da be sledam I ve molam ako moze po Mail da me informierte za vasite novosti.

    Pozdrav od Zürich
    Aleksandar Sascha Dinevski

  2. Пингување: „Остани дома во Астрорум“ со нашата пијанистка Маја Кастратовиќ | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.