Најчитани книги од „Литература.мк“ за време на изолацијата

Бестселери, книги за деца, мотивациски книги и изданија со совети за поквалитетен живот се најбараните изданија од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за време на изолацијата. Изминатиот период, онлајн, преку http://www.literatura.mk најбарани се книгите: „Е, баш ме заболе“ и „Сè е за*бано“ од Марк Менсон, „Мала книга за хиге“ од Мајк Викинг и „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно. Во тек е акцијата со 30 % попуст за сите онлјан нарачки на книгите од „Арс Ламина“, преку www.literatura.mk. Прочитајте повеќе за најбараните книги.

„Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.

Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

 

„Сè е за*бано“ од Марк Менсон

Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е за*бано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базиран на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

 

„Мала книга за Хиге: данскиот начин на добро живеење“ од Мајк Викинг

 

За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. а мојот омилен опис е – какао под светлина од свеќи… Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.

Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

 

„Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни и практични лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.

Станува збор за новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Уметноста на едноставното живеење“: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах за живот исполнет со мир и радост“ од Шунмио Масуно. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Книгата може да се нарача онлајн на следниот линк.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.