За сите деца кои сакаат предизвици и загатки, ги препорачуваме петте „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ, кои на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публика“. Кој сака приказни, ќе ужива во секоја од петте книги. Но, да ве предупредиме, секоја од нив претставува не баш лесна задача – решавање на логичка загатка врзана за случките од една необична траперска населба. Неретко ќе биде потребна помош од повозрасните, бидејќи оваа книга, најблаго кажано, не ги потценува децата…
Авторот на „Загадочни приказни“, Урош Петровиќ, е задолжен за тестирањата на „Менса“ во Србија и е еден од најуспешните решавачи на Ај-Кју X-тестот во светот за „Загадочни приказни“, ја има добиено наградата „Невен“ за најдобра книга за деца и млади од областа на популарната наука и награда од детското жири на „Доситеево перо“.
Книгите се достапни за онлајн нарачки на следниот линк.