Топ 5 предлози од Мартин Јованоски што да читате за време на #СедиСиДома


Авторот на „Зошто јас?“, една од најпродаваните книги во издание на „Арс Ламина“, Мартин Јованоски, се придружува на акцијата за потикнување на читањето за време на изолацијата. Тој ни ја испрати својата топ 5 листа со наслови од „Литература.мк“, кои препорачува да се прочитаат за време на #СедиСиДома.

1. „Остани во чекор: десет антологиски кореографии“ од Кирил Тодевски

 


За жал, поради состојбава последниов период, промоцијата на ова ремек-дело беше откажана. Ансамблот „Танец” е најголемото богатство кое Македонија го поседува. Од дете се воодушевувам на нивната големина и магија. Оваа книга е нешто што секој од нас треба да го има, ова дело мора да ја краси секоја домашна библиотека !
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

2. „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Одлична книга за периодов на самоизолација. Еден од најзвучните наслови на „Литература.мк“. Дефинитивно ја препорачувам. Реална книга за чудното и по малку забегано секојдневие во кое живееме, без непотребно филување!
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

3. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ од Џонатан Сафран Фоер


Многу интересна и моќна книга! Девет годишно момче во една долга и за него неверојатно важна потрага. Неговиот татко умира во нападите на кулите близначки на 11. септември 2001 година. Момчето е оставено само да ги пронајде одговорите. Вреди да ја прочитате !
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

4. „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако


Ова е книга што ја прочитав пред два дена. Цако го запознав на една заедничка фотосесија. Ме освои после неколку минути. Оттогаш е еден од моите идоли! Прекрасна поезија, прекрасна емоција, душа на хартија… Ништо помалку и не очекував од еден таков херој!
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Сѐ е за*бано“ од Марк Менсон


Оваа книга ќе ја препорачам иако сѐ уште ја немам прочитано. Звучниот наслов во комбинација со стилот на пишување на Марк Менсон гарантираат одлична и сѐ освен здодевна книга!
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.