НОВО: Запознајте ја Кити – девојчето со супермоќи како мачка

Запознајте ja Кити – шармантното девојче со супермоќ како мачка кое тргнува во необични авантури. Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ деновиве од печат излегоа две книги од серијалот на авторката Пола Харисон: „Кити и Златниот тигар“ и „Кити и спасувањето на месечеватата светлина“. Илустрациите се на Jени Ловли.
Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. За сите љубопитковци, кои со нетрпение очекувате да дознаете во какви суперхеројски акции тргнува Кити, ви претставуваме кратка содржина на двете книги:
Во приказната „Кити и Златниот тигар“ Кити е нетрпелива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној кој ја поседува… Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето?
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Приказната во „Кити и спасувањето на месечеватата светлина“ почнува да се заплеткува кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.