Владимир Ангелов гостин во „Астрорум“


Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостува нашиот продуцент, филмолог и актуелен директор на Кинотеката на Р.С. Македонија. Владимир Ангелов по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1992 г., кратко време работи како продуцент во „Вардар филм“. Од 1995 г. до денес работи во Кинотеката. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор на Кинотека на Македонија, која во моментов ја извршува. Од 2018 г. е именуван за директор на Кинотека на Република Северна Македонија.
На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во периодот од 1948 г. до 1953 г. Врз основа на елаборатот за заштита на овој фонд, Кинотеката на Македонија ги изработува заштитните филмски копии на овие филмови.

Во текот на својата професионална кариера, Ангелов соработува со различни партнери на повеќе проекти, како „Фотографијата и филмот на почвата на Македонија“, дел од проектот „Историја на макро културата во Македонија“, во издание на Македонската академија на науките и уметностите, и „Трајче Попов“, во издание на Кинотека на Република Северна Македонија. По соработката со Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Скопскиот филмски фестивал, Ангелов беше поканет како член на жирито и на Watch Out Film Festival во 2016 година, како и на првиот филмски проект. Од 1995 година Ангелов објавува и пишува за „Кинопис“. Бидејќи е одговорен за филмската програма во киното на Кинотеката, Ангелов пишува едиторијали за месечната брошура на кинотеката.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.