Нова книга за најмладите во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од авторот на „Аги и Ема“, Игор Коларов. Секоја приказна почнува многу пред својот почеток. И кога еднаш ќе почне, веќе не завршува. Запомни го тоа. Во „Дванаесетто море“, Киа Сибин има дванаесет години и сите мислат дека е необична. Собира порцелански фигури на диви животни. Таа и нејзината другарка Симона заедно одат во Месечевата градина и во напуштениот театар „Орфеј“. Меѓутоа, кога ќе се разболи Симона, треба да се случат чуда за да може да оздрави…
„Дванаесетто море“ веројатно го претставува врвот на исклучителното творештво на Коларов, писателот кој ги помести границите на книжевноста за деца.
Игор Коларов (1973 – 2017) е еден од најзначајните српски автори на книги за деца. Тој беше раскажувач и писател на романи за деца и млади. Покрај „Аги и Ема“, „Дванаесетто море“ кои на македонски јазик ги објави „Арс Ламина – публикации“, ги има напишано и „Приказната за речиси сè“, „Џеб“, „Лизгава“, „СМС приказна“ и „Куќа на илјада маски“.
Книгата „Дванаесетто море“ е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.