Сега ќе ги посетиме најчудните места и ќе ги видиме најубавите работи!
Овој цитат од „Џејмс и џиновската праска“ е можеби најдобар вовед во светот кој го создаде авторот на оваа книга, еден од најдобрите писатели за деца ‒ Роалд Дал. Станува збор за омилениот британски раскажувач, од чие перо излегоа безвременските: „ГДЏ“, „Матилда“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Вештерки“, „Џејмс и џиновската праска“, „Фантастичниот господин Лисец“ и други. Книгите се со препознатливите илустрации на Квентин Блејк.
Веројатно повеќето од вас веќе ги прочитале овие книги или, пак, можеби сте ги гледале филмовите и цртаните базирани на овие дела. Книгите на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел до „Арс Ламина – публикации“. Ви ги претставуваме шесте наслови кои треба да ги прочита секое дете, љубител на пишаниот збор. Добрата забава и авантура се загарантирани со делата на Роалд Дал.
1. „Чарли и фабриката за чоколади“
Можеби најпознатото дело на Роалд Дал, кое го напишал во 1964 година. По оваа книга за деца се направени неколку филмови, видеоигра и уште многу други адаптации. „Нефликс“ најави и анимирана серија по изданијата на Роалд Дал, која ќе ја вклучува и оваа приказна.
А приказната, веќе добро знаете, се движи околу ексцентричиот производител на чоколади Вили Вонка и младото момче Чарли. Еден ден, дедото Џо му раскажува за Вили Вонка и за сите прекрасни слатки и чоколади што ги направил додека другите производители на чоколади испраќале шпиони да ги украдат неговите тајни рецепти, што го натерало Вили да ја затвори фабриката за дојденци. Следниот ден, локалниот весник објавил дека Вили Вонка повторно ја отвора фабриката за чоколади, каде што поканува пет среќни деца да дојдат на турнеја, доколку најдат Златен билет во некоја од неговите чоколади „Вонка“.Чарли нашол 50 пени закопани во снегот. Со нив купил чоколатце, во кое се крие петтиот и последниот златен билет. Во билетот се вели дека тој може да донесе еден или двајца членови на семејството со него и родителите на Чарли одлучуваат да му дозволат на дедо Џо да оди со него…
Книгата „Чарли и фабриката за чоколади“ е достапна во сите наши книжарници и онлајн за нарачка на следниот линк.
2. „Матилда“
Матилда Вормвуд има само пет години, но е генијалка. За жал, нејзините родители не го забележуваат тоа. Уште полошо, ужасната директорка на нејзиното училиште, госпоѓица Транчбул, е силеџика која ѝ го отежнува животот на учителката на Матилда, госпоѓица Хани, и на нејзините другарчиња. Но, она што госпоѓица Транчбул не го знае е дека Матилда има трик или два во ракавот.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.
3. „Фантастичниот господин Лисец“
Неверојатна прикзана за итриот, снаодлив, мудар Господин Лисец. Тоа не е обичен лисец, тој е фантастичен… Живее во подземно дувло во едно дрво со својата сопруга и нивните четири деца. За да го прехрани своето семејство, тој ноќе ги посетува околните фарми, кои се во сопственост на тројца богати, но лоши и сурови фармери. Едниот е дебел и одгледува илјадници кокошки, вториот е мал како џуџе со огромен мев, одгледува шатки и гуски и третиот е сучка слаб како стап, никогаш не јаде и постојано пие вино од јаболка, попаметен е од другите двајца и одгледува илјадници мисирки и овоштарник со јаболка. Уморни од постојаните кражби на господин Лисец, фармерите прават план како да го фатат кога излегува од неговото дувло, но со своите пушки успеваат да го погодат само неговиот опаш…
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.
4. „ГДЏ“
ГДЏ не е таму некаков си обичен џин што дроби и џвака коски. Не, тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи дознава дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш засекогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.
5. „Џејмс и џиновската праска“
Замислете си една џиновска праска во која има седум многу необични инсекти, кои ќе ве однесат на магична авантура. А дали го познавате Џејмс Хенри Тротер? Тој е едно осамено момче, кое живее со две одвратни бабишта, сè додека еден ден не се случи нешто чудно. На крајот на градината една праска започнува да расте и да расте и да расте… Прочитајте ги интересните авантури на малиот Џејмс, за инсектите со кои ќе се спријатели и за нивното џиновско и овошно превозно средство.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.
6. „Вештерки“

Дали се плашите од вештерки? Дали приказните за вештерките се пострашни додека ги читате или откако ќе ги прочитате? Како изгледаат вештерките? Како може да се победат? Во бајките вештерките вообичаено носат смешни црни шапки и наметки и јаваат на метли. Но, ова не е бајка. Ова е приказна за „вистински вештерки“. Најважното што треба да го знаеш за нив е следново: тие се облекуваат во обични алишта и горе-долу се исти како обичните жени. Живеат во обични куќи и се занимаваат со „обични работи“.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.