Извадок од „Мајки-блогерки“ од Холи Вејнрајт

 

Потсетете ме како мајките што неодамна родиле не се заинтересирани да имаат секс со своите сопружници.
Ел ја имаше напишано оваа реченица под фотографија од тест за бременост од кој уште течеа капки, за да објави дека го очекува своето второ бебе кога првото имаше само четири месеци.
Оваа објава беше споделена од нејзините тогашни − скромни, речиси две илјади следбеници, пред да биде преземена од страница за родители што ја употребија за да ù прикачат тема за анализа:
ЖЕНИ КОИ КАЖУВААТ „ДА“ ЗА СЕКС ОТКАКО ЌЕ РОДАТ
Коментарите не беа пријатни, на пример: КУРВИ како тебе треба да размислуваат за нивните бебиња, не за сексуалниот живот − но по статијата следуваа куп објави за постпородилен сексуален нагон и совршената разлика во годините помеѓу децата, и додека член на редакцијата на „Дејли трејл“ го нападна профилот на Ел на „Инстаграм“, таа беше на пат да стане вирална.
Од „Дејли трејл“ не можеа да бидат повоодушевени од она што го најдоа – млада жена со став во различни фази на разголеност – и „The Stylish Mumma“ стана златен рудник за нив откако Ел објави низа содржини што следуваат на таа објава, „Трудна на потпетици“: детален елаборат од претстојните осум месеци.
Време е да докажеме, еднаш за секогаш, дека модерната мама не носи цветни труднички фустани без форма и не го користи бебето како изговор да носи разумно одбрани чевли и да дозволи да се обрасне со влакна. Најпосле, кога има поважен период за да се покажете со самодоверба и отменост од оној кога ќе треба да бидете водилка на мало човече во овој свет? Почнете, како да имате веќе план да напредувате. Кој е со мене?
Многу луѓе. Следбениците на Ел се дуплираа, триплираа и повторно дуплираа, додека млади жени објавуваа фотографија по фотографија на нејзиниот блог. Секогаш под сликите од селфињата ставаа скромни текстови за дебелината и гради кои „излегуваа“ на сите страни, многу од жените ги покажаа стомаците во костими за капење − #bikinibumpshot − и ветија дека ќе останат згодни во текот на бременоста.
„За што добога ќе пишуваш сега?“ Сестрата на Ел, Зои, ја праша откако заврши со блогирање во живо на раѓањето на Фреди − првиот „отмен“ царски рез објавен од австралиска страница, исполнет со чист чаршаф како бариера, вагинално чистење и плеј-листа од Ед Ширан спроведена во инаку планирана да биде тивка сцена.
„Не секирај се за тоа“, рече Ел. „Секогаш се наоѓа нешто.“
И така и беше. Телото закрепнува, очигледно. Деновите, неделите и месеците исполнети со режим за вежбање и уште поласкави фотографии од напредокот. Бесконечни објави на „Инстаграм“ со салати и протеински шејкови за поттикнување на мајчиното млеко. Лајк, лајк, лајк.
Во тој момент Кејт ù кажуваше на Ел дека „The Stylish Mumma“ бил номиниран за најдобар блог за родители за 2017 година на „Blog-ahhs“, како дел од голема конференција за вештини во објавувањето спонзорирана од компанија ATGT од Силициумската долина. Првпат „Blog-ahhs“ се одржа во Австралија − и беше, како што Кејт тврдеше ентузијастички мавтајќи со телефонот, многу важна работа. Победникот би добил голема инвестиција во вид на крупна парична добивка и запознавање со „опасни“ бизнисмени кои би можеле да ù помогнат на Ел да го развие својот блог во вистински бизнис.
Кејт исто така ù кажа кои беа другите две противнички: Ферал Аби (секако, и како и да е) и таа кенкава мајка што работи од Сиднеј, која Ел никогаш ја немаше запознаено и никогаш всушност не ја ни читаше.
Ел не беше загрижена. Можеше да си го замисли името како добитничка. Можеше да ја почувствува тежината на наградата во своите раце. Веќе ги броеше парите од спонзорството како се прелеваат како резултат на номинацијата − за почеток, договорот со „Abbott’s Smoothies“ што требаше да се зграпчи. Таа знаеше дека таа беше добитниот инфлуенсер во кој сакаа да инвестираат многу пари.

 


Претходниот месец Ел го пополни прашалникот од организаторите на „Blog-ahh“:
ОПИШЕТЕ ГО БЛОГОТ СО ЕДЕН ЗБОР:
Инспиративен.
ЗОШТО ПОЧНАВТЕ СО БЛОГИРАЊЕ?
Споделувањето, според мене, е дар. Сите минуваме низ истите работи. Сите се трудиме да си го направиме животот за нијанса подобар, поубав, позначаен. Знаев дека имам да им кажам нешто на сите посветени мајки што секогаш се трудат да се подобрат себеси, нивните домови, браковите, дури и нивните деца. Јас сум една од тие жени и знаев дека можам да помогнам.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ?
Тоа се жени на кои им е навистина важно да бидат добри мајки. Ја покажуваат љубовта кон семејството така што готват прекрасни јадења и го прават домот убаво место за живеење, а и кои се гордеат со своите успеси. На „The Stylish Mumma“ не готвиме варен грав на тост за вечера или не ги оставаме децата на училиште во пижами!
КОИ СЕ ВАШИТЕ НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ?
Моите вежби и објавите за модните комбинации на моите деца одлично поминуваат во моментов, и приказните за моите почетоци исто така имаат добар одѕив кај моите читатели. Дури и мојот живот не беше отсекогаш толку добар. Важно е тоа да се знае. Работев многу напорно за да го живеам животот со полна пареа.
КОЈ СОВЕТ БИ ИМ ГО ДАЛЕ НА АМБИЦИОЗНИ¬ТЕ БЛОГЕРИ?
Однапред одредете ја вашата естетика. Без расправии. Останете љубезни!
КАКО РЕАГИРАТЕ НА ПРОВОКАЦИИ?
Три збора: љубомората е клетва.
АКО СТАНЕТЕ БЛОГЕРКА НА ГОДИНАТА, КОЈА Е ВАШАТА ГЛАВНА ИДЕЈА ШТО БИ ЈА ОСТВАРИЛЕ СО ПОМОШ НА „ATGT“?
Работиме на апликација за мерење калории за мајки во движење. Може да чкрапнете фотографија од она што ќе го јадете вие или вашите деца и апликацијата ќе ја пресмета хранливата вредност на што и да ставите в уста! Нешто сосема поинакво.
Номинацијата беше потврда. Ел беше сигурна дека прави сè како што треба. Тоа што ја вработи Кејт беше совршен избор, знаеше, дури и да имаше тоа своја цена. „The Stylish Mumma“ беше на пат да се издигне на повисоко ниво.
Кога децата беа бебиња, сестрата на Ел беше покрај неа да ù помогне со промоции на социјалните медиуми, но откако ја избрка Зои надвор од куќата, беше јасно дека ќе мора да најми професионалец да работи со неа.
Дотогаш Зои беше единствен член од фамилијата со кој Ел воопшто комуницираше.

Извадок од „Мајки-блогерки“ од Холи Вејнрајт
Издавач: „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.