Ана Томова: Моите топ 5 предлози на книги од „Литература.мк“ за време на #СедиСиДома

 

Една од највлијателните книжевни блогерки и администраторка на една од најголемите читачки групи на „Фејсбук“ – „Чувари на книгата“, Ана Томова, позната како Ана Том, не може да си го замисли секојдневието без книга. Овој период на изолација го поминува во својот дом читајќи книги, поттикнувајќи ги и инспирирајќи ги своите следбеници на социјалните мрежи да изберат квалитетни изданија. Ана, која својата љубов кон читањето ја пренесува и во својот литературен блог thischickreads.com, ни ја испрати својата листа со топ 5 предлози на книги од „Литература.мк“ што препорачува да се прочитаат за време на #СедиСиДома.

1. „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ од Ентони Дор

 

Мари-Лор живее во близина на Природонаучниот музеј во Париз, каде што нејзиниот татко работи како главен клучар и е последниот чекор помеѓу светот и големите музејски тајни. Мари-Лор ослепува на шестгодишна возраст, па нејзиниот татко ѝ моделира една беспрекорна минијатура на нејзината населба, за таа да може тактилно да го меморира секој агол и секогаш да знае да го најде патот накај дома. Шест години подоцна, Германците го окупираат Париз и, по игра на случајноста, Мари-Лор и нејзиниот татко завршуваат во Сен-Мало со највредниот музејски експонат: легендарниот скапоцен камен „Пламено море“.
Во меѓувреме, сираците Вернер и неговата сестра Јута растат во Цолферајн, рударскиот центар на Германија во тоа време, чијшто воздух станува сè позагаден благодарение на Гебелсовата пропаганда. Уште како малечок, откако наоѓа и поправа едно фрлено радио, Вернер се фасцинира од необичноста на овие нови инструменти што се способни да ги уловат гласовите што невидливо треперат околу нас. Неговиот талент го носи во академијата на Хитлеровата младина, а потоа и во Франција, во специјална мисија да го лоцира и внимателно да го следи движењето на отпорот. И таму некаде, во Сен-Мало, неговата приказна се вкрстува со онаа на Мари-Лор.

Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн со 30% попуст на следниот линк.

2. „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

 

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив, онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.

Книгата е достапна за нарачка со 30% попуст на следниот линк.

3. „Млеко и мед“ од Рупи Каур

 

Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според „Њујорк Тајмс“. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици. „Млеко и мед“ е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето. „Млеко и мед“ ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.
Книгата е достапна за нарачка со 30% попуст на следниот линк.


4. „Подарокот“ од Луис Џенсен

Ова е напнат психолошки трилер со неочекуван пресврт од перото на Луиз Џенсен, авторката на големиот светски бестселер „Сестрата“. Џена добива уште една шанса за живот, примајќи срце од друг, девојка по име Кали. Вечно благодарна н а Кали и на нејзиното семејство, Џена се зближува со нив. Наскоро открива дека совршеното семејство на Кали крие мрачни тајни… Родителите на Кали се во жалост, но Џена знае дека не ѝ кажуваат сѐ. Каде е Софи – сестрата на Кали? Ја уверуваат дека е во странство уште од смртта на сестра ѝ, но нешто не е во ред со нејзиното отсуство. Кога Џена ќе го запознае Нејтан, момчето на Кали, доаѓа до неверојатно откритие. Џена не верува дека смртта на Кали е несреќен случај. Но, како умрела? Решава да ја дознае вистината, но тоа може да ја чини сѐ: нејзините најблиски, здравиот разум, па дури и животот…
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

5. „Сè е за*бано“ од Марк Менсон

Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базиран на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.