Пoпуст од 30 % на сите изданија на „Арс Ламина“ за сите онлајн нарачки преку Literatura.mk

Во време кога поважно од сѐ е да останеме дома и да се грижиме за своето здравје и за здравјето на останатите, „Литераура.мк“ овозможи 30 % попуст на сите изданија од издавачката куќа „Арс Ламина“, кој ќе важи само за онлајн нарачките направени преку веб-страницата: www.literatura.mk, додека трае изолацијата. Поволностите се со цел да го исполниме секојдневието на своите клиенти со што е можно повеќе едукативни и забавни содржини и истите да ги направиме подостапни. Во понудата се сите изданија од областа на белетристиката, детската литература, едукативните изданија, стручната литература и друго.

Во меѓувреме, и промоциите на новите книги на „Арс Ламина“ се префрлаат онлајн. Првата, од планираните онлајн промоции за овој период, ќе се одржи на 21 март (сабота), со почеток во 20 часот. Станува збор за промоцијата на романот „Денот кога не се разбудив“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон. Авторот ќе се приклучи онлајн преку својот профил на „Фејсбук“. Промоцијата ќе биде интерактивна, па во меѓувреме читателите може да му поставуваат прашања.

Исто така, „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, преку blog.literatura.mk секојдневно на своите читатели им овозможуваат бесплатни онлајн содржини, интервјуа, препораки за читање, извадоци од книги и цели изданија. На специјализираниот литературен блог може да се прочитаат извадоци од најновите изданија на „Арс Ламина“, но и целата содржина (во продолженија) на некои од најубавите книжевни класици.

Вработените во „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ подготвуваат читање на омилените детски книги, за најмалите читатели, кои од утре ќе бидат достапни на „Јутјуб“ каналот на „Литература.мк“, како и на нашите канали на социјалните мрежи.
На интернет-станиците obrazovanie.literatura.mk и resursi.literatura.mk како и на „Фејсбук“ профилот Obrazovanie, „Арс Ламина“ на дневно ниво подготвува и ќе објавува едукативни материјали за помош и поддршка на учениците кои следат настава од дома, но и на родителите и на наставниците. На овие страници можете да најдете содржини и идеи за учење, наставни листови за вежбање и забавни активности првенствено за основното образование, за предметите математика, природни науки, хемија, биологија, физика, работа со компјутери и други. Во план се и дополнителни материјали за учење за средното образование.

Инаку, поради тековната ситуација со вирусот COVID-19 во нашата земја, овој период работат само книжарниците „Литература.мк“ на следните локации: ул. „Македонија“ (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза), во ТЦ „Буњаковец“ (приземје), во ГТЦ, приземје (зад фото „Бимбо“) и на „Широк Сокак“ во Битола. Продажните места се со работно време од 9 до 18 часот, секој ден, освен недела.
#СедетеСиДома, слушајте ги препораките од надлежните институции и одберете си наслови заедно со целото семејство од удобноста на вашиот дом, со еден клик до нашата онлајн книжарница. Најважно од сѐ, чувајте го Вашето здравје, бидејќи имате уште многу нови интересни книги за читање.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.