Топ 5 предлози од Ване Костуранов што да читате за време на домашна изолација

Сликовниците и книгите за деца, се најзастапената литература во домот на познатиот македонски илустратор Ване Костуранов. Авторот на едни од најубавите македонски илустрирани книги за деца, наградуваните „Ѕвездено дете“ и „Девојче и мече“, како и „Девојчето и градот“, која наскоро ќе излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, периодот на излоација го поминува работејќи на нови илустрации и во читање книги со своите деца. На неговата топ 5 листа со книги од „Литература.мк“ се најдоа топли и инспиративни приказни, кои тој ги препорачува за читање за време на #седисидома. Книги кои отворат нови светови и те носат на возбудливи патувања, дури и кога сте затворени дома со денови.

1. „Аги и Ема: нежна приказна за едно вистинско пријателство“ од Игор Коларов

Романот „Аги и Ема“ на Игор Коларов е нежна приказна за пријателството помеѓу осаменото деветгодишно момче Аги и необичната старица Ема, и нивниот заеднички бунт против суровиот и отуѓен свет. Романот е добитник на наградата на „Политикин забавник“ за најдобра детска книга.
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

2. „За мачките, за нотите и за бубачките“ од Јасминка Петровиќ

 

Ако ѕирнеш низ овие три прозорци, ќе дознаеш зошто Маја е тажна, на што се радува Ѕвезда и од што се плаши Милан. Пред тебе ќе се отвори нова галаксија и Стара планина. Ќе откриеш како звучи еден бибер-акорд и зошто во некои соби секогаш е мрак. Ќе се зборува за мачките, нотите, бубачките и радосните моменти. Секоја детска соба е една приказна…
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

3. „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња: 100 приказни за извонредни жени“ од Елена Фавили и Франческа Кавало

Оваа книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности.
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

Вториот дел од оваа книга е достапен за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

4. „Чао!“ од Едвард ван де Вендел

 


Оваа е сликовница за моќта на соништата и протерувањето на кошмарите. Секоја ноќ, Мартје сонува прекрасни соништа. Таа лета над куќи, планини и острови. Сите нејзини кадифени играчки летаат заедно со неа. Но, Бор, нејзиниот постар брат, никогаш не сонува нешто убаво. Дали Мартје може да му помогне?
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

5. „Риба за Луна“ од Лиса Аисато


Луна не може да заспие. Го отвора прозорецот и погледнува надвор.
Има нешто таму.
Нешто лебди и внимателно се лизга меѓу куќите.
Дали е тоа балон?
Дали е… риба?
Книгата е достапна за нарачка со 30 % попуст на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.