Со читање до поквалитетен сон

Веќе знаете дека гледањето во екраните и изложеноста на едночудо вести и информации ве држи будни и под стрес. Во периодов кога сте дома и во исчекување на најновите информации во врска со коронавирусот, обидете се колку што можете да се релаксирате и да си го обезбедите неопходното количество здрав сон. Читањето книга, и тоа само неколку минути пред спиење, е гаранција дека ќе заспиете побрзо и следното утро ќе се чувствувате поодморени.

Намалување на стресот

Кога една личност има хроничен недостаток од сон се покачуваат хормоните на стресот во организмот што значи дека постојано сте во состојба наречена „бори се или бегај“. Инвестирањето во сопствената благосостојба значи планирање барем шест минути читање за време на рутината пред спиење. Докажано е дека оваа навика е добра за срцето и за намалување на мускулната тензија.

Подобрете го расположението

Се чувствувате како нервите да ви се при крај? Немате трпение со децата? Неадекватниот сон неколку ноќи по ред може да влијае на способноста за донесување одлуки и предизвикува лошо расположение. Најдобрата работа што можете да ја направите е да читате – нешто што ќе ви овозможи подобар сон и ќе придонесе да се разбудите одморени.

„Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење“ од Мајк Викинг Фото: Теона Манго

Изострете го умот

Читањето го збогатува речникот, ја подобрува артикулацијата и ја зголемува креативноста. Комбинирајте го тоа со когнитивните способности и способноста за донесување одлуки, па ќе сфатите колку сте станале побрзи и попродуктивни.

Прочистете го умот

Стресови како документи, сметки и листи со планови можат да ве држат будни до доцна во ноќта. Направете напор да создадете граници меѓу вашите одговорности и вашата спална соба – тоа го вклучува и вашиот мобилен телефон. Создадете мирно катче (со некоја пријатна, колоритна креветска постелнина) со што ќе го елиминирате менталниот хаос. Следното утро ќе се занимавате со светот. Вечерва изберете книга да ве пренесе во некоја друга реалност.

Креирајте спомени

Од многу причини ви треба добар сон, но еве една особено привлечна: додека спиете креирате спомени, и ако немате доволно сон, ги ризикувате сите сеќавања. Добриот сон е витален. Создадете си читачка навика и рутина, бидејќи оние што читаат имаат помала стапка на проблеми со меморијата. И секако, подобро е да ги запомните сите книги што ги читате, отколку да се измачувате пребарувајќи имиња, настани, поглавја во испомешаните датотеки со прочитани книги во вашата меморија.

Предлог-книги за релаксирано читање пред спиење:

„Мала книга за Хиге: данскиот начин на добро живеење“, достапна со 30% попуст за нарачка на следниот линк.

„Упатство за употреба на креативниот ум“, достапна со 30% попуст за нарачка на следниот линк.

„ЗЕН: уметноста на едноставното живеење“, достапна со 30% попуст за нарачка на следниот линк.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.