ВИДЕО: Сочни мафини со вишни од Dave’s Kitchen

Младиот готвач и автор на книгите „Dave’s kitchen: Гответе насмеани“ и „Најдоброто од македонската кујна“, Давор Панчевски, за време на #СедиСиДома препорачува едноставни и вкусни рецепти, со производи што може да се најдат во сечиј дом. Книгите се во издание на „Арс Ламина“, а се достапни и за нарачка онлајн на Literatura.mk со 30 % попуст на следните линкови:

„Dave’s kitchen: Гответе насмеани“

„Најдоброто од македонската кујна“

Во оваа објава се одлучи за една традиционалната класика ‒ колач со вишни, трансформиран во нешто што ќе ви го одземе здивот – ровки и сочни мафини. Тој вели:

„Ве уверувам дека спојот на овие вкусови кои се создадени со едноставни состојки нема да ве остави рамнодушни. Овој рецепт е доказ дека извонредните вкусови се создадени со свежи и едноставни состојки. Не е потребно да поминувате часови во кујната за да подготвите нешто што ќе ги разбуди спомените од минатото. За да го подготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 20 минути, па ајде да започнеме“.

 

 

Потребни состојки:

2 јајца

1 чаша шеќер

1 пакетче ванила

1/2 чаша масло

1/2 чаша јогурт

1/2 пециво

1 1/2 чаша брашно

150 гр вишни

Начин на подготовка:

  1. Најпрвин е потребно да ги искршите и изматите јајцата во длабок сад заедно со шеќерот и ванилата.
  2. По 10 минути континуирано матење додајте го маслото во тенок млаз постојано матејќи со миксерот. Со оваа постапка, смесата се згуснува дополнително, што е клучниот чекор за да имаме густа и цврста смеса, за кога ќе ги нанесеме вишните да не ни пропаднат во смесата.
  3. Додајте го јогуртот и промешајте со миксерот.
  4. Во сад на страна промешајте ги сувите состојки заедно, односно брашното и прашокот за печиво. Промешајте со помош на лажица и додајте ги сувите состојки во смесата на два-три пати внимавајќи да не ја премешаме смесата, бидејќи може на крајот да имаме спласнати мафини.
  5. Добро премачкајте го калапот за мафини и со помош на алатка за сладолед нанесете од смесата. На овој начин ќе имате мафини со идентична големина. Наполнете го секој калап со околу ¾ од вкупната површина, оставајќи малку простор за да нараснат при печењето.
  6. Додајте ги вишните одозгора и веднаш ставете ги да се печат во веќе загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
  7. Кога ќе бидат готови, оставете ги 3 минути на работната површина за да стивнат, а потоа нежно извадете ги од калапите и сервирајте. Јас сакам да ги сервирам на сталак за торти и пред послужувањето да ги наросам со шеќер во прав.

На крајот имате ровки и сочни мафини со непобедливиот вкус на вишна и ванила. Доколку немате вишни, овој рецепт може да го подготвите со кое било друго овошје – малини, капини, јагоди или банана.

Имајте забавно готвење!

One thought on “ВИДЕО: Сочни мафини со вишни од Dave’s Kitchen

  1. Пингување: ВИДЕО: Вкусни палачинки со три различни филови од Dave’s Kitchen | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.