Препораки од блогерката Теона Манго на книги за време на #СедиСиДома


Секој слободен момент настојува да го исполни со читање на книга. Теона Манго, една од најуспешните македонски блогерки, покрај објавите за мода, храна, впечатоци од патувањата и културни настани, на својот Инстаграм-профил и на блогот Teona’s Wanderlus често споделува препораки за книги. Taa e пасиониран читач, а љубовта кон книгата во нејзиното семејство се негува со генерации. Вели дека тоа е еден од најубавите подароци кои можеле да ѝ го дадат најблиските. Мајка ѝ е голема љубителка на пишаниот збор, и секогаш има по неколку книги на нејзината ноќна масичка. А дедо ѝ, пак, кој е пензиониран универзитетски професор, ја поседува една од најголемите домашни библиотеки во Македонија, со повеќе од 5000 книги. Неговата библиотека всушност била инспирација да го креира своето домашно книжевно катче во Битола.

Вели дека сака да чита сѐ и многу често менува жанрови. Но, омилени ѝ се класиците, мистериите и трилерите. Од богатиот избор на изданија од „Арс Ламина“, достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на literatura.mk, за време на #СедиСиДома таа ги препорачува книгите: „Мајки-блогерки“, „Соба со поглед“, „Претседателот исчезна“, „Американски брак“, „Кери“ и „Екстремно гласно и неверојатно блиску“. Еве и зошто ги избрала токму тие наслови:

„Мајки-блогерки“ од Холи Вејнрајт

 

Дејството во ова книга се одвива во Австралија, а приказната е посвета на три мајки- блогерки, сите различни но нивните животи се некако меѓусебно испреплетени. Имено, трите блогерки се номинирани за престижната блогерска награда на ниво на цела Австралија, а во оваа книга дознаваме што сè се спремни овие мајки блогерки да направат за да победат. Мошне лесна и интересна книга, исто така дава многу инсајдерски информации за блогерството, а и за тоа колку некои луѓе се спремни да направат буквално сè за лајкови и фоловерс.
Книгата е достапна за нарачка онлај со 30% попуст на следниот линк.

 

„Соба со поглед“ од Едвард Морган Форстер

 

Во раниот 20. век две Британки заминуваат на одмор во Фиренца. Таму главната хероина Луси се запознава со младо момче по име Џорџ кој во рок од неколку денови го превртува светот. После нејзиниот одмор Луси се враќа во Англија и се свршува со друг маж, но брзо сфаќа дека не е среќна и дека нејзиниот свршеник не е вистинскиот маж за неа. Мошне лесен, романтичен и топол класичен роман.
Книгата е достапна за нарачка онлај со 30% попуст на следниот линк.

„Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон, Џејмс Патерсон


Претседателот Џонатан Линколн Данкан, кој е во трка со времето за да спречи сајбер-напад кој би ги уништил Соединетите Американски Држави. Пред да исчезне претседателот Данкан, тој добива импичмент поради телефонски повик кој направил со лидер на терористичка организација. Претседателот Данкан е во мисија да ја штити и спаси неговата земја од уништување. Уште еден интересен и мистериозен трилер од Патерсон.
Книгата е достапна за нарачка онлај со 30% попуст на следниот линк.

„Американски брак“ од Тајари Џонс


Не можам да кажам дека ја обожавам оваа книга, но ме натера да размислам за човековата природа, расната нееднаквост, бракот и љубовта. Доста провокативна приказна која нема да ве остави рамнодушни долго време откако ќе ја прочитате.
Книгата е достапна за нарачка онлај со 30 % попуст на следниот линк.

„Кери“ од Стивен Кинг


Оваа книга лесно може да се класифицира за класик. Кери е девојка од мало градче која има телекинетичка моќ. Израсната со нејзината религиозна самохрана мајка, Кери е мета на исмејување во нејзиното училиште. Сум го гледала претходно филмот и немав некои високи очекувања за книгата. Но, бев во голема грешка. Кинг направил извонредна работа, многу ми се допадна што во книгата приказната ја следиме од неколку различни перспективи (а не само од една како во филмот).
Книгата е достапна за нарачка онлај со 30% попуст на следниот линк.

„Екстремно гласно и неверојатно блиску“ од Џонатан Сафран Фоер

 


Една од оние ретки книги кои ви оставаат многу емоционални по нивното читање. Приказната е за деветгодишното момче, чиј татко умира за време на терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк. Младиот Оскар започнува потрага по бравата што ќе ја отклучи мистериозниот клуч, кој го пронаоѓа во работите на неговиот татко. Во текот на неговата потрага Оскар се запознава со најразлични луѓе и слуша најразлични приказни.
Книгата е достапна за нарачка онлај со 30% попуст на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.