Еден од најпрепознатливите хумуристични ТВ-ликови, Васко Тодоров, попознат како Тошо Малерот од популарната серија „К-15“, наскоро ќе ја објави својата прва книга „Монологија“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Книгата ги содржи најпознатите монолози на Тошо Малерот снимени во рамки на „К-15“, но и скечеви, кои досега не се нашле на малите екрани.
„Види, батка, животот се состои од односи, а видот на односите зависи од стадиумот на поединечниот однос во однос на тоа дали станува збор за обичен однос, коректен или некоректен однос, а градењето односи во однос на нивното доградување се однесува на поединечниот однос во однос на меѓусебното однесување“, вели Тошо Малерот, кој сега е актуелен со сатиричната емисија „Фчерашни новости“.