Ерина Богоева препорачува топ 5 книги за време на домашна изолација

Ќе се согласите дека книгата е најверниот пријател на човекот. Со неа тој никогаш не е осамен, и секогаш има исполнето време. Книгата може да биде одлична придружба во периодот на домашна изолација од вирусот COVID-19. Од денеска почнуваме серијал со топ 5 препораки на книги кои може да ги прочитате овој период.
Фотографка и авторка на монографијата „Скопје: архитектурата како фотографска скулптура“, Ерина Богоева ни ја испрати листата со книги со кои може да го пополните времето поминато во својот дом за време на #седисидома #читајсикнига #читајсидома. Книгите се во издание на „Арс Ламина“, а се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk

1. „Млеко и мед“ од Рупи Каур – Стихови за хранење на душата!


Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според „Њујорк Тајмс“. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици. „Млеко и мед“ е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето. „Млеко и мед“ ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.
Книгата „Млеко и мед“ е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

 

2. „Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење“ од Мајк Викинг – Одлична книга со идеи за седење дома.


За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. А мојот омилен опис е – какао под светлина од свеќи… Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има поминато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.
„Мала книга за хиге“ е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

 

3. „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин – Ова е прекрасен роман кој првично го имам читано во студентските денови, но радо би му се навратила овој период.


Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитувањето, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век. „Гордост и предрасуда“ е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.
„Гордост и предрасуда“ е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

 

4. „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон – Книга со совети како да се справиме со тешкотиите во животот.


Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5. „Скопје: архитектурата како фотографска скулптура“ – Ерина Богоева – Издание со идеи каде да се движиме кога ќе заврши пандемијата.


Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ од Ерина Богоева содржи осумдесетина фотографии со објекти изградени по скопскиот земјотрес. Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во овој циклус фотографии на Богоева. Во нејзиниот фокус се 30 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други. Гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.