„Арс Ламина“ донира книги за библиотеката во „СОС Детско село Македонија“


Издавачката куќа „Арс Ламина“ донира книги за библиотеката во „СОС Детско село Македонија“. Донацијата содржи изданија од „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“: сликовници од серијалите „Пчеличката Маја“ и „Бајки од Македонија“, боенки, романи од едициите „Детски класици“ и „Шекспир за деца“, читанки и лектирни изданија од „Лесно читливи лектири“ за ученици од второ до деветто одделение од основните училишта како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.

Донацијата е со цел да се збогати книжевниот фонд во „СОС Детско село Македонија“ и да се помогне во грижата за децата и семејствата во социјален ризик, згрижени во центарот.
Организацијата „СОС Детско село“ поддржува згрижувачки семејства каде што деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом, љубов и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.
Ова не е прва донација на „Арс Ламина“ во „СОС Детско село Македонија“. Имено, минатата година жените вработени во издавачката куќа го одбележаа Меѓународниот ден на жената (8 Март) со хуманитарна акција во која донираа сликовници и неопходна бебешка, детска облека и обувки.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ редовно се вклучува во хуманитарни акции за децата и семејствата во социјален ризик, донирајќи книги, училишни и едукативни материјали. Неодамна донираше пакет книги за деца, лектири, списанија за ученици, вежбанки и други едукативни изданија наменета за единствените две деца-ученици од с. Подвиз, кои учат во (второ и трето одделение) во ОУ „Христо Узунов“, Кичевско, сѐ со цел олеснување и подобрување на нивниот образовен процес.

За време на новогодишните празници донираше повеќе од 100 изданија книги во хуманитарната акција на Црвениот Крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода, наменети за децата во Детскиот клинички центар „Мајката Тереза“, Јавниот институт за белодробни заболувања – Козле, како и во ПОУ „Д-р Златен Сремец“.
Традиционално донира и училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамките на добротворната акција „Среќна школска година“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“, а се приклучи и во нивната предновогодишна акција под мотото „Секое дете треба и мора да има среќна Нова година“, на која беа донирани пакетчиња за децата во Детската клиника во Скопје.

Во чест на Меѓународен ден на жената, 8 Март, „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ им подарија книги на жените од здружението „БОРКА – За секој нов ден“.
Со овој гест, издавачката куќа им оддава почит на овие борбени дами, кои со секојдневниот ангажман за поддршка на поединците што се соочуваат со тешката болест, се голема поддршка и инспирација за сите. Исто така, во соработка со „БОРКА“ подари книги за децата во Детската клиника во Скопје – библиотеката во специјализираната просторија за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести – „Собата на Жозеф“, која претходно целосно ја опреми со над 370 книги и едукативни изданија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.