Во чест на Меѓународен ден на жената, 8 Март, „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ им подарија книги на жените од здружението „БОРКА – За секој нов ден“.
Со овој гест, издавачката куќа им оддава почит на овие борбени дами, кои со секојдневниот ангажман за поддршка на поедниците што се соочуваат со тешката болест, се голема поддршка и инспирација за сите. Од здружението „БОРКА“, заблагодарувајќи се велат:
– Ни претставува особено задоволство што нашата долгогодишна соработка прерасна во едно силно пријателство и партнерство. Огромна благодарност за подароците и вниманието.
Донацијата опфаќа бестселери, романи и инспиративни книги од жени, меѓу кои и книгата „Хузур“ од познатата босанска новинарка, авторка и граѓанска активистка, Мартина Млинаревиќ.
Пингување: „Арс Ламина“ донира книги за библиотеката во „СОС Детско село Македонија“ | Literatura.mk