Маријан Бошевски: Бегства од сложеното работно секојдневие во уметноста и планините


Во оваа емисија на „Астрорум“ ќе можете да го гледате интервјуто со нашиот кардиолог, проф. д-р Маријан Бошевски од Универзитетската клиниката за кардиологија и професор по кардиологија и интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.
Професор д-р Маријан Бошевски е роден во 1970 година во Битола, каде што ја завршува гимназијата, а потоа во 1995 година дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје. Следната година го положува стручниот испит, а од 1997 година стапува во редовен работен однос на Универзитетската клиника за кардиологија. Една година потоа е избран за помлад асистент по предметот Интерна медицина, а во 2004 година и за асистент по истиот предмет. Во 2012 година се здобива со звањето насловен доцент, три години потоа и за наставник во сите звања, а во 2017 година станува вонреден професор на Медицинскиот факултет. Во однос на специјалистичкото напредување, д-р Бошевски специјализирал интерна медицина во 2001 година, а супспецијализацијата по кардиологија ја завршил во 2008 година. Што се однесува до научното напредување, д-р Маријан Бошевски, магистерскиот труд „Коегзистирачна периферна и коронарна артериска болест – хемостатски и функционални фактори на кардиоваскуларна прогноза“ го брани во 2003 година, а станал доктор по медицински науки во 2009 година, кога ја брани и докторската теза со наслов „Фактори на развој и прогноза на дијабетската поливаскуларна болест“.

Д-р Бошевски досега бил на стручен престој во Универзитетската болница во Гент, Белгија, Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија, во Соединетите Американски Држави во Универзитетскиот медицински центар во Бостон, во клиниката „Мајо“ во Рочестер, УКЛА „Роналд Реган“, Лос Анџелес и др. Д-р Бошевски реализирал и едукација за кардиоваскуларно моделирање и епидемиологија под покровителство на Европската унија и учествувал во изработка на неколку важни европски и национални проекти од неговата област. Член е на Македонското здружение по кардиологија, Македонската лига за хипертензија, Меѓународната унија по ангиологија, како и на работните групи за периферна циркулација и тромбоза при Европското здружение по кардиологија. Избран е за член на Интернационалниот колеџ за ангиологија, а како круна на плодната кардиолошка, педагошка и научна дејност на д-р Бошевски дојде и изборот за член на Европската академија на науки и уметности.

Д-р Бошевски е автор и коавтор на пет книги-монографии, како и на повеќе од 120 научни текстови од областа на кардиоваскуларната медицина, цитирани во PubMed/Medline. Тој е автор и на книгата „Венска тромбологија“ во издание на „Арс Ламина“.
Покрај неговиот матичен професионален интерес, д-р Маријан Бошевски активно ја негува и љубовта кон сликарството и важи за еден од најпасионираните колекционери на уметнички дела. За ова, како и за планинарењето и другите негови интереси и предизвици, разговараше нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.