Топ 10 книги од нашите полици за Денот на вљубените

 

„Кога некого го допира љубовта, станува поет“. Оваа мисла на филозофот Платон, ја величи љубовта како инспирација. Таа е движечка сила за многу знајни и нејзнајни креативци и автори. Во историјата на книжевноста се појавува како чест мотив за пишување. Некои од најубавите книги се инспирирани токму од ова возвишено чувство.
Во чест на Денот на вљубените ги селектиравме најубавите книги од нашите полици посветени на љубовта. Без разлика дали го славите овој ден, дали сте вљубени и дали имате партнер, книгата секогаш е најдобар сопатник. Почнувајќи од „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито, па сѐ до најновото издание од „Арс Ламина“ посветено на љубовта: „Еднаш засекогаш“ од Сара Десен, ви ја претставуваме топ 10 листата со книги кои се идеални за Св. Валентин. Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, на www.literaturа.mk.

1. „Сплеткарот Купидон“ – Џина Ардито

 


Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош… Кратка приказна за Св. Валентин во издание на „Aрс Ламина“, по повод празникот на вљубените. Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се обрати за да ѝ најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас. И Виви и Бас претходно се имаат изгорено во љубовта и не ни помислувале дека нивната врска може да биде повеќе од платонска. Но, наметнувањето на Ева го освестува Бас, терајќи го да сфати дека е, всушност, вљубен во својата најдобра пријателка – Виви. Сега, со помош на Ева, тие прават секакви сплетки за да ѝ помогнат на Виви да ја препознае љубовта што ја барала целиот свој живот, а, всушност, била постојано покрај неа…
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

2. „П.С. Ми се допаѓаш“ – Кејси Вест


Додека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно! Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој? Додека Лили се обидува да ја разоткрие мистеријата и истовремено се справува и со училиштето, пријателите, симпатиите и нејзиното откачено семејство, таа открива дека срцето понекогаш не избира во кого ќе се вљуби…
Кејси Вест внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

3. „Јас сум Миа“ – Јана Мишо


Приказната за Миа почна со колумните на Јана Мишо објавени на hashtag.mk продолжи со првиот роман „Јас сум Миа“, и секојдневно расте преку социјалните мрежи, и во коминикацијата со обожавателите. Почна како интернет-сензација во епизоди, а се развива во комплетно книжевно дело. „Јас сум Миа“ е трета книга на Јана Мишо, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и првo нејзино издание за тинејџери.
Приказната се движи околу тинејџерката Миа, чија симпатија е Стефан. Но, Стефан има девојка! И не можете ни да замислите каков проблем е тоа. Поточно, тоа ти е најголем проблем, додека некој тајно не те сними како правиш беља… И не го покаже тоа на интернет. Фино е да бидеш популарна онлајн, ама дали е фино секаде да те препознаваат и да знаат што си направила? И тинејџерски проблеми, и другарки и другари и љубов и… мала мистерија.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4. „Отчукувања“ – Франсеск Миралјес и Хавиер Руескас


Добрата страна?! Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits.
17:05
Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што и претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да ѝ пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека ѝ недостига воздух.
17:06
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5. „Гордост и предрасуда“ – Џејн Остин


Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.
„Гордост и предрасуда“ е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

6. „Список за душа“ – Кејси Вест


Летниот распуст на 17-годишната Аби Тарнер не се одвива според нејзините планови. Таа чувствува нескриена наклоност кон нејзиниот најдобар другар Купер. Исто така, не може да се справи со растечката анксиозност на мајка си. Згора на тоа, ја одбиваат да учествува на уметничка изложба затоа што нејзините слики „немаат душа“. Па, кога добива нова шанса да го претстави своето ликовно творештво, се чини дека Аби ќе ја пропушти и таа можност. Во меѓувреме, на сцената стапува списокот. Себеси си дава период од еден месец за да направи десет нешта, на пример, да се соочи со страв (бр.3), да ислуша приказна на непознат човек (бр.5) … да се вљуби (бр.8). Аби верува дека ако ги искуси овие нешта ќе прерасне во уметникот што отсекогаш посакувала да стане. Но, како што наближува крајниот рок, Аби сфаќа дека мисијата не е лесна како што ѝ се чинело и дека, веројатно, не може да ја промени својата уметност ако не е подготвена да се промени себеси.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

7. „Срце, глава, стомак“ – Камило Кастело Бранко


Срце, глава, стомак е сатирична романтична новела издадена во 1862 година. Раскажана е во прво лице од протагонистот Силвестре да Силва, кој на читателот му ги раскажува причините за своите љубовни неуспеси и радости во тогаш современиот Лисабон. Поделена е на три дела: во „Срце“, Силвестре е постојано вљубен, но несреќно, та негова единствена цел и фрустрација е да ја пронајде совршената жена. Гневен, преоѓа во вториот дел „Глава“, каде што материјално гледа на љубовта и го негира сето тоа што му се чини неправилно во тогашното општество, така што во еден весник од Порто завршува здобивајќи се со фама на клеветник. Во третиот дел од неговиот живот му се предава на „Стомакот“ и живее селски живот со мигови на мир и задоволство: се спојува со Томасија, ќерка на генерал-мајорот од Соутело, и добива богата женидба исполнета со прекрасни јадења, далеку од разочарувањата на главата и срцето.
Во ова дело можеме да најдеме од се по нешто: значителна социолошка критика, сатира за португалските обичаи и, пред сѐ, литературно изложување на најпрефинетиот хумор на Камило Кастело Бранко. Наративата во ова дело е металингвистичка, додека, пак, содржината е автобиографска: Силвестре ни открива зошто ја има напишано оваа книга – објаснува како се обидел да го искористи животот така што ќе добие најголема сатисфакција од него.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

8. „Костурите на округот Медисон“ – Ведрана Рудан


Госпоѓа Павица е приморка во златни години и секогаш кога некој ќе ја нарече жена во златни години, ѝ се превртува желудникот. Живее во мало место, пее во мал хор и е омажена за поморец со кого цел живот е во брак. Ги има ќерката Ана, внукот Тони и болките во колената. Децата за неа се безусловна љубов и доживотна робија и кога повторно би се родила, никогаш не би родила. Првпат е среќна во седумдесеттата година бидејќи го наоѓа мажот пред кој не мора да клечи. И не размислува за смртта.
Во полифоничниот роман „Костурите на округот Медисон“, Ведрана Рудан бескомпромисно и духовито, а над сè уметнички успешно, зборува за родителите, децата, љубовта и сексот. Таа ги разбива стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. Стереотипите поради кои сите тие стануваат жртви.
Како завршува мојата љубовна приказна? Дали на крајот ќе се венчаат или можеби ќе ги обноват заветите? Или се разделуваат на обострано задоволство за да тргнат во нови љубовни маки опседнати со сексот или од стравот од секс? Нема да ви кажам. Што мислам, дали книгата е добра? Одлична е. Земете ја в раце. Откако ќе ја прочитате, можеби нема да скокнете на „Фејсбук“, туку на некој што го сакате. Или ви се чини дека го сакате.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

9. „Биди со мене“ – Џенифер Л. Арментраут


Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно или животот има друг план? Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со неа откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ! А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои помеѓу нив е она вистинското. Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза. Иако тие се бакнаа – со најжешкиот бакнеж во неговиот живот – тој знае дека мора да им даде приоритет на други нешта. И нема време за врска. Но, постојано мисли само на бакнувањето со девојката која може да му уништи сè. Сепак, Џејс и Тереза веќе не можат да ги негираат чувствата што ги имаат еден за друг. Но, опасноста демне и се случува трагедија. Додека кампусот закрепнува од страшната случка, судбоносно вљубениот пар мора да одлучи што се подготвени да ризикуваат за да бидат заедно и дали се подготвени да го изгубат тоа доколку врската не успее…

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

10. „Еднаш засекогаш“ – Сара Десен


Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта. Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка. Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот. Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.