Промоција на „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако во кино „Фросина“


На 25 февруари (вторник), со почеток во 19 часот, во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, Скопје, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.
Песните на Александар Матовски – Цако се нежни и едноставни. Ги ниже како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој кој животот го живее со полни гради и чие мото е: човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе. Токму таа, љубовта, е централна тема во поезијата на Цако. Кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто. Тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост.

Александар Матовски – Цако е роден на 3.2.1991 година. Иако роден со Даунов синдром, тој е вклучен во редовниот воспитно-образовен систем. Основното образование го завршил во училиштето „Димо Хаџи Димов“, а средното во текстилното училиште „Кочо Рацин“. Во 2019 година дипломираше на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на групата предучилишно образование. Тој е член и на здруженијата Инклузивни решенија КРИК и „Трисомија 21“. Автор е на радиоемисијата „Јас сум Цако“, која веќе пет години еднаш месечно се емитува на интернет-радиото „Радио Моф“.
Тој е голем активист и борец за човекови права и правата на лицата со посебни потреби. Цако се има претставено со сопствена презентација на Светската конференција за лица со Даунов синдром во Обединетите нации. Поезија почнал да пишува на осумнаесетгодишна возраст.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.