Ранко Петровиќ гостин во „Астрорум“


Ранко Петровиќ или познат како Ранко Бубамара е познат градски лик кој освојува со својот ведар дух и незапирлив ентузијазам. Пред 25 години го формираше радио „Бубамара“, а пред 23 години ја започна популарната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, која е позната по својата забавна и хумористично-сатирична содржина, сценарио кое во голем дел го креираат самите политичари и затоа ги смета за полноправни соработници. Својата кариера на радиобрановите ја започнал во „Клуб 100“ во деведесеттите години, од каде што преминал во „Студентското радио“. Во 1995 година ја основал и своја радиостаница, радио „Бубамара“.

Деновиве, тој и неговиот стандарден кружок – тим од пријатели и соработници, ги завршуваат подготовките за новото издание на „Златна бубамара на популарноста“ и вешто ги крие поединостите, што секогаш дополнително го вжештува очекувањето за оваа, очигледно, најомилена популарна манифестација кај нашата јавност.
Покрај главната улога да забавува, Ранко Петровиќ континуирано исполнува и уште една „споредна“ општествено-одговорна ролја, да не ја остава да заспие нашата еколошка и граѓанска свест и постојано да ја поттикнува нашата човечка совест. Тој е двигател на многу еко-акции и иницијатор на хумани дејства за заштита на автентичноста на македонските богатства. Она што и нам ни е посебно важно, а што беше и главен мотив да биде гостин во емисијата „Астрорум“ е неговата константна поддршка и афирмација на културните вредности во земјава.

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.