Македонските љубителки на органската козметика вчеравечер и во вторникот (5 и 4 февруари) имаа можност да научат како се изработуваат природни и домашни сапуни на работилницата со „Биодевојка“, која се одржа во просториите на „МладиХАБ“. Обуките ги водеше блогерката Вики Андонова, која е авторка на книгата „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Ламина“, достапна во книжарниците на „Литература.мк“.
На курсот присутните имаа можност да научат: како се прави изборот на масла; како се пресметува количината на жива сода; како се прави формулата на еден сапун; кои масла се погодни за оваа намена; како да се комбинираат маслата меѓусебно; кои сѐ течности може да се користат за изработка на сапуни (хидролати, козјо млеко, јогурт, пиво, сокови од овошје и зеленчук); кои природни бои може да се користат за боење на сапуните; кои природни мириси и етерични масла може да се употребуваат за изработка на сапуни; колку време треба сапуните да отстојат пред да бидат подготвени за употреба.
По теорстекиот дел следуваше практичен дел, на кој беа изработени сапуни на самото место, од правење на формулата, до финалниот производ според процесот на ладна сапунификација.
На настанот исто така беше претставена и книгата „Природно убави со Биодевојка“, која содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и на коса, кои можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.
На работилницата беа користени само органски и ладно цедени масла од маркетот „ДМ Дрогерие“ (DM drogerie markt Makedonija).
Проверете како помина првата работилница на 4 февруари на следниот линк.
Ви ја претставуваме атмосферата од втората работилница, која се одржа на 5 февруари.