Видеочитална на „Литература.мк“: „Облачињата кои не сакаа да плачат“

Ох, каков скандал во училиштето за облаци!
Малите облачиња одбиваат да плачат!
Хи, хи, хи, протрчуваат по небото малечките облаци.
Ха, ха, ха, се бркаат насмеани со ветрот.
И така по цел ден и саноќ, ниту една капка, со денови!

Ова е извадок од една од најубавите книги за деца објавена од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ – „Облачињата кои не сакаа да плачат“. Сликовницата од авторката Билјана С. Црвенковска, а со илустрации од Марта Поп Антоска, раскажува поучна приказна за веселите облачиња. Тие биле толку среќни и разиграни, што немале причина да заплачат. Кога ги прекорил директорот на училиштето за облачиња, тие не можеле да разберат зошто треба да плачат? Нивното неплачење им донело тага на другите. Солзите на облачињата се всушност дождовните капки, што им се потребни на растенијата, животните и луѓето. Дознајте што ќе се случи откако облачињата ќе видат дека сите се тажни.


Во продолжение ви го преставуваме видеото снимено во топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. Извадоци од книгата чита Кристина Јазаџиќ-Диздаревиќ, која е дел од тимот на „Литература.мк“. Со оваа рубрика ја продолжуваме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај најмладите.

„Облачињата кои не сакаа да плачат“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на следниот линк.

One thought on “Видеочитална на „Литература.мк“: „Облачињата кои не сакаа да плачат“

  1. Пингување: Билјана Велковска: Пет книги кои ќе ве однесат на магично „патување“ за време на изолацијата | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.