Ох, каков скандал во училиштето за облаци!
Малите облачиња одбиваат да плачат!
Хи, хи, хи, протрчуваат по небото малечките облаци.
Ха, ха, ха, се бркаат насмеани со ветрот.
И така по цел ден и саноќ, ниту една капка, со денови!
Ова е извадок од една од најубавите книги за деца објавена од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ – „Облачињата кои не сакаа да плачат“. Сликовницата од авторката Билјана С. Црвенковска, а со илустрации од Марта Поп Антоска, раскажува поучна приказна за веселите облачиња. Тие биле толку среќни и разиграни, што немале причина да заплачат. Кога ги прекорил директорот на училиштето за облачиња, тие не можеле да разберат зошто треба да плачат? Нивното неплачење им донело тага на другите. Солзите на облачињата се всушност дождовните капки, што им се потребни на растенијата, животните и луѓето. Дознајте што ќе се случи откако облачињата ќе видат дека сите се тажни.
Во продолжение ви го преставуваме видеото снимено во топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. Извадоци од книгата чита Кристина Јазаџиќ-Диздаревиќ, која е дел од тимот на „Литература.мк“. Со оваа рубрика ја продолжуваме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај најмладите.
„Облачињата кои не сакаа да плачат“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на следниот линк.
Пингување: Билјана Велковска: Пет книги кои ќе ве однесат на магично „патување“ за време на изолацијата | Literatura.mk