Во ТЦ „Буњаковец“ отворена седмата книжарница „Литература.мк“


Во присуство на многубројни љубители на книгите, автори и новинари вчеравечер (5 февруари) свечено беше отворена новата книжарница „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Новиот продажен простор е лоциран на приземјето, од страната на булеварот „Партизански одреди“ (наспроти Архитектонско-градежниот факултет).
Книжарницата е уредена според најновите трендови за продажба на книги, а во фокус е портретот на легендарниот архитект Ле Корбизје.

И во новото продажно место, „Литература.мк“ ќе продолжи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од „Арс Ламина“ и останатите издавачки куќи кај нас. На полиците е застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици, како и производи од гифт-програмата на „Скрипти“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Ова е седма книжарница „Литература.мк“, покрај веќе добропознатите продажни места на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и Градски трговски центар (ГТЦ) во Скопје и на „Широк Сокак“ во Битола.
Книжарницата „Литература.мк“ работи согласно работното време на ТЦ „Буњаковец“, од понеделник до сабота од 9 до 21 часот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.