Вчеравечер (4 февруари 2020 г) во просториите на „МладиХАБ“ се одржа првата од двете работилници за изработка на природни и домашни сапуни со „Биодевојка“. Обуката водена од блогерката Вики Андонова вклучува: теоретски дел за изработка на сапуни и практичен дел.
Покрај едукативниот дел, на настанот беше претставена и нејзината книга „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Ламина“, која е достапна во книжарниците „Литература.мк“. За време на работилницата во „МладиХАБ“ книгата можеше да се набави со специјален попуст од 30 отсто.
Поради голем интерес, денеска со почеток во 17 часот ќе се одржи уште една работилница.
Заинтересираните може да се пријават на следната е-адреса: vandonovab@gmail.com или со порака на „Фејсбук“ на страницата на „Биодевојка“ – https://www.facebook.com/biodevojka/
На работилницата се користат само органски и ладноцедени масла од маркетите „ДМ Дрогерие“ (DM drogerie markt Makedonija).
Пингување: Работилница на „Биодевојка“: Научивме како се изработуваат природни и домашни сапуни | Literatura.mk