Сликарот Синиша Кашавелски гостин во „Астрорум“: Per Aspera Ad Astra

Во ова издание на емисијата „Астрорум“, гостува нашиот сликар со светска слава, Синиша Кашавелски. Познатата латинска поговорка „Преку трње до ѕвездите“ (Per Aspera Ad Astra) никогаш не прозвучила посоодветно за некој уметник, како за него.
Синиша Стефановиќ Кашавелски е роден 1969 година во Куманово. По завршувањето на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и e член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Зад себе има голем број на самостојни и групни изложби во земјава и во странство, многу признанија и награди.

Кашавелски, во 2015 година, за делото „Искушение“, го доби Златниот медал за сликарство на годишната изложба на „Салонот на убавите уметности“ што ја организира Националното здружение на ликовни уметници на Франција. Уметникот беше добитник и на престижната награда „Димитар Кондовски“ што ја доделува ДЛУМ, а истата година зема учество на изложбата на портрети што се одржа во Националната галерија во Лондон.
Уметноста на Кашавелски се формира под влијание на надреализмот, суптилно испреплетена со мотиви од богатата македонска традиција.

Македонскиот уметник во 2012 година од „Зимскиот салон“ во Париз се врати со бронзен медал, а една година подоцна, за своето творештво, се закити и со сребро, а потоа и со злато. Круна на овој циклус одликувања беше освоеното Гран При, кога во 2015 , во конкуренција од над 600 уметници од целиот свет, неговото дело „Искушение“ беше оценето за најдобро. „Circle foundation for Arts“ го одбра за еден од Топ 10 уметници за 2017 година, а пред тоа ја доби и германската „Palm Art Аwаrd“ за 2016 година. Следуваше и првата апсолутна награда „Marchionni Prize“ на Сардинија, Италија 2017 и други, по што настапува една од најуспешните години, 2018 кога доби Гран при на „Art Eхpo“ во Венеција, каде беше апсолутен победник во својата категорија. Во јуни, беше награден со златен орден за заслуги во уметноста од Асоцијацијата за уметност, наука и книжевност на Франција, по што следуваа и наградите „Giulio Cesare“ и „The Best Contemporary Artist – 2018“. Кашавелски учествуваше и на изложбите во Сингапур, „Art Expo“ во Куала Лумпур и на престижниот есенски салон во Париз. Неодамна се врати од успешното претставување во Кина, што само беше уште еден повод за да гостува во „Астрорум“.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.