Промоција на книгата „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

На 11 февруари (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на „МладиХАБ“ во Скопје ќе се одржи промоција на новата книга „Зошто јас?“ (Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади) од Мартин Јованоски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли. За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.

Мартин Јованоски е роден 1989 година во Скопје. Во 2013 година дипломирал на Економскиот факултет, а во 2017 магистрирал на тема „Улогата на електронското работење во банките: анализа на капацитети и реални предизвици“. По стекнувањето со лиценца за овластен сметководител, се вклучува во понатамошното унапредување на постојниот семеен бизнис од областа на финансиско-сметководствениот консалтинг.


Книгата „Зошто јас?“ е негово прво авторско дело, пишувано исклучиво од сопственото искуство во борбата со анксиозноста, паничните напади и депресијата, а мотивирано единствено од желбата да го поштеди читателот од сопствениот пекол. Книгата ја истакнува важноста на менталното здравје и хигиена, а истовремено дава одговор на најважното и најчесто поставувано прашање: „Зошто јас?“.
Книгата „Зошто јас?“ е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а може да се набави и во „МладиХАБ“ за време на промоцијата.
„МладиХАБ“ (Канцеларијата на претседателот на РСМ за сите млади) се наоѓа на ул. „Димитрие Чуповски“ бр.7, во центарот на Скопје.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.