Марија ја чита книгата „24 часа во Еднорозија“

Во новото видео на каналот „Читаме со Марија и Маги“, Марија ни зборува за импресиите од „24 часа во Еднорозија“ од авторката Јасмина Кантарџиева Димков. Оваа книга за деца е објавена од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“).
Во ова магично дело, малата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа.


Додека групата извидници трага низ планината по нашите пријатели Дева, Дина, Јан и Путерче, тие, пак, се соочени со многубројни предизвици што треба да ги совладаат, три гатанки што треба да ги одгатнат и три книги што треба да ги пронајдат за да ги спасат жителите на Еднорозија.
А, обидите за спас уште повеќе ги отежнуваат тројцата научници – господинот Шол, господинот Верг и господинот Адулбаз (нивните презимиња прочитај ги наназад за да откриеш какви се тие). Тројцата научници ја напаѓаат Еднорозија, верувајќи дека еднорозите го кријат лекот за бесмртноста…

Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн, преку следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.