Екипата на „Медена земја“ меѓу ѕвездите на оскаровскиот ручек

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, снимателите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев присуствуваа на традиционалниот оскаровски ручек, што Академијата за филмска уметност и наука го организира во чест на номинираните.
„Колку многу научивме за снимањето филмови од овие ветерани, и еве сме, стоиме рамо до рамо до нив, сфаќајќи што е тоа што ги прави бесмртни легенди: тие се обични смртници кои се родени како сонувачи и ќе умрат како сонувачи. ЧЕСТ НИ Е – напиша Тамара Котевска на својот профил на „Фејсбук“.

На настанот, кој се одржа вчеравечер во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, покрај заедничката фотографија со сите номинирани, екипата имаше можност да се запознае со најголемите холивудски ѕвезди: Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Ал Пачино, Квентин Тарантино, Роберт де Ниро и други.

Деновиве екипата на филмот во Лос Анџелес прими уште едно високо признание. Имено, снимателите Самир Љума и Фејми Даут ја освоија врвната награда за најдобра кинематографија, која ја додели Американското здружение на кинематографи во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Тие се први добитници на оваа награда, која Асоцијацијата на кинематографи на Америка ја воведе годинава.

Тие ја имаа честа да ја примат наградата од режисерот на филмот „Џокер“, Тод Филипс. Врачувајќи им ја наградата, тој рече дека ова е златно време за документарните филмови. „Најважната награда што може да ја посака еден кинематограф е токму оваа“, рече Самир Љума на 34. доделување на наградите. Во кусо интервју веднаш по доделувањето на наградите за „Американ синематографи“ Даут и Љума се заблагодарија за укажаната чест.
– Ја изразувам мојата благодарност до Асоцијацијата на кинематографи која ги отвори вратите за кинематографијата во документарните филмови. Се радувам што ние сме првите добитници во оваа категорија. Сакам да им порачам на сите што сакаат да се занимаваат со оваа дејност дека не е важно од каде доаѓате и ако сте искрени во тоа што сакате да го работите, еден ден можеби оваа награда ќе биде ваша – изјави Љума.
Тамара Котевска и Љубо Стефанов беа номинирани во категоријата најдобри режисери на наградите на Здружението на режисери на Америка кои беа доделени викендов.

Продуцентот Атанас Георгиев и режисерите на „Медена земја“ Тамара Котевска и Љубо Стефанов на оскаровскиот ручек

Групна фотографија од сите номинирани за Оскари 2020

Со холивудската ѕвезда Бред Пит

Со легендарниот Роберт де Ниро

Со режисерот Квентин Тарантино

Со Леонардо ди Каприо

Со холувудската легенда Ал Пачино

Со Роберт де Ниро

Тамара Котевска во прв ред на групната фотографија со сите номинирани оваа година

Екипата на „Медена земја“ со претседателот на Академијата – Дејвид Рубин

Со тимот на дистрибутерот во САД, „Неон“

Тамара со своите колешки – режисерки на документарци

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.