Работилница за изработка на природна козметика со „Биодевојка“

На 4 февруари (вторник) во просториите на „МладиХАБ“ со почеток во 17 часот ќе се одржи работилница за изработка на природни и домашни сапуни со „Биодевојка“. Работилницата ќе ја води блогерката Вики Андонова, која е авторка на книгата „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Ламина“, достапна во книжарниците на „Литература.мк“.
Курсот ќе трае два часа, а ќе вклучува: теоретски дел за изработка на сапуни и практичен дел.
Во теоретски дел Андонова ќе презентира: како се прави изборот на масла; како се пресметува количината на жива сода; како се прави формулата на еден сапун; кои масла се погодни за оваа намена; како да се комбинираат маслата меѓусебно; кои сѐ течности може да се користат за изработка на сапуни (хидролати, козјо млеко, јогурт, пиво, сокови од овошје и зеленчук); кои природни бои може да се користат за боење на сапуните; кои природни мириси и етерични масла може да се употребуваат за изработка на сапуни; колку време треба сапуните да отстојат пред да бидат подготвени за употреба.
Практичниот дел ќе вклучува изработка на сапун на лице место, од правење на формулата, до финалниот производ според процесот на ладна сапунификација.
Покрај едукативниот дел, ќе биде претставена и книгата „Природно убави со Биодевојка“, која содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и на коса, кои можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна. За време на работилницата во „МладиХАБ“ книгата ќе може да се набави со специјален попуст од 30 отсто.
Уписите се во тек. Кандидатите може да се пријават на следната е-адреса: vandonovab@gmail.com или со порака на „Фејсбук“ – страницата на „Биодевојка“ – https://www.facebook.com/biodevojka/
Обуката чини 600 денари. Бројот на места е ограничен. Доколку има голем интерес, ќе се одржи уште една работилница, следниот ден (5 февруари).

На работилницата ќе бидат користени само органски и ладно цедени масла од DM drogerie markt Makedonija.

„Млади Хаб“ (Канцеларијата на претседателот на РСМ за сите млади) се наоѓа на ул. Димитрие Чуповски бр.7, во центарот на Скопје.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.