Искра Шукарова гостинка во „Астрорум“


Нашата позната балерина, кореографка и професорка на Одделот за балетска теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Искра Шукарова, во ова издание на „Астрорум“ зборува за својата успешна кариера.
Шукарова е родена во Скопје, 1972 година и зад себе бележи богата кариера како истакнат солист и кореограф, но последната декада и како педагог. Завршила нижо и средно балетско училиштето во Скопје на Одделот за класичен балет.

Дипломирала на Одделот историја на уметност и археологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала танцови студии во „Лабан центарот“ во Лондон. Од 1991 година се придружува на балетскиот ансамбл на Македонскиот народен театар каде работела како истакнат солист и кореограф. Од декември 2002 е уметнички раководител на Балетскиот ансамбл при МНТ. Како кореограф има работено на бројни проекти, меѓу кои и „Пастели“, „Инферно“, „Четири годишни времиња“, „Бесконечно патување“, „Четири слики во движење“, „Играј со мене“, „Надвор од тангентата“ и други. Учествувала на курсеви и семинари во Брисел (Белгија), Виена (Австрија), Њуjорк (САД), Дрезден (Германија), Братислава (Словачка), Букурешт (Романија), Корфу (Грција). Гостувала во Варна и Софија (Бугарија), Будва (Црна Гора) и Белград (Србија), Лондон (Велика Британија), Атина и Солун (Грција) и Њујорк (САД), Москва (Русија) и на многу други места. Денес е професор на ФМУ во Скопје каде ги предава предметите од областа на современиот танц.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.