Александар Трајковски, авторот на „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ гостин во „Астрорум“


Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостувa нашиот публицист и музички педагог, Александар Трајковски, вонреден професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во Скопје. Тој е автор на капиталното дело „Музиката во македонскиот игран филм: од ФРОСИНА до ЛАЗАР“, првата пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите Трајковски ги правел за потребите на неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“. Процесот од првичната идеја до финалната реализација на книгата, траел речиси осум години. Почнал самиот да истражува и да анализира и така почнал да навлегува во конкретната проблематика. Успешноста на публикуваното дело од страна на Кинотеката на Македонија, неодамна му ја донесе и наградата „13 Ноември“ на Градот Скопје.

Александар Трајковски e роден 1978 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност на одделот за музичка теорија и педагогија, каде го одбранил и магистерскиот труд „Организацијата и содржината на музичката настава во Република Македонија во периодот од 1950 до 1962 година“.
Досега учествувал на повеќе меѓународни конференции и симпозиуми со научни трудови кои обработуваат теми од областа на музикологијата и музичката педагогија и е автор на поголем број трудови објавени во реномирани музички и културолошки списанија и научни зборници. Автор е и на книгата „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при Македонскиот народен театар“, а се јавува и како дел од авторскиот тим на монографијата за режисерот Бранко Гапо.
Во моментов, со м-р Снежана Анастасова – Чадиковска работи на дополнувањето на второто издание на монографијата за оперската примадона Милка Ефтимова.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.