„Арс Ламина“ донира новогодишни пакетичиња и книги за децата во Детската клиника во Скопје

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донира новогодишни пакетчиња и книги за децата во Детската клиника во Скопје. Во рамки на донаторската акција на здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“ викендов беа поделени „СМАРТ-пакетчиња“ од „Арс Ламина“, со книги, сликовници и боенки, за дечињата кои овој период престојуваат во одделот за онкологија во Детската клиника во Скопје. Покрај доделувањето на пакетчињата, децата-членови на ДДС „Неверленд“, во организација на „Проект среќа“ ја одиграа претставата „Писмо до Дедо Мраз“. Ова е трета година по ред како издавачката куќа „Арс Ламина“ ја поддржува новогодишната акција на „Проект среќа“ под мотото: „Секое дете треба и мора да има среќна Нова година“.

Исто така, деновиве „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“, во соработка со Здружението за борба против рак, „БОРКА – За секој нов ден“, донираа книги за дечињата од онкологија и хематологија на Детската клиника во Скопје. Се работи за персонализирани подароци, романи за деца, лектирни изданија од едицијата „Лесно читливи лектири“ и сликовици – соодветни за возраста на секое дете посебно.


„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се вклучија и во предновогодишната хуманитарна акција на Црвениот Крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода со донација на повеќе од 100 изданија: романи за деца, книги од едицијата „Лесно читливи лектири“, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“. Во рамки на донаторскиот проект „Подари пакетче, подари радост“, што се одржува втора година по ред, беа поделени подароци на децата во Детскиот клинички центар „Мајка Тереза“, Јавниот институт за белодробни заболувања – Козле, како и во ПОУ „Д-р Златен Сремец“.

Со овие донации „Арс Ламина“ ја продолжува својата мисија книгите да ги направат достапни за сите деца, со надеж дека барем за миг ќе им го направат поиздржлив периодот на лекување и ќе им ги оттргнат мислите од секојдневието.
Дополнително, пред новогодишните празници „Арс Ламина“ донира и романи, збирки поезија и бестселери за жените од здружението „БОРКА – За секој нов ден“.

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.