Свечено промовирана монографијата за „Танец“, „Остани во чекор“ од Кирил Тодевски во издание на „Арс Ламина“


Во чест на 70-годишнината на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, во петокот (20 декември), во фоајето на Македонскиот народен театар беше промовирана новата монографија „Остани во чекор“ од Кирил Тодевски. Оваа луксузна книга, која е во издание на „Арс Ламина“, посветена на антологиските кореографии од репертоарот на „Танец“. Таа е двојазична, на македонски и на англиски јазик. Преводот на англиски го направи Марија Џонс. Фотографиите за насловната страница ги направи фотографката Маја Аргакијева.


На промоцијата, која му претходеше на големиот новогодишен концерт во МНТ, уметничката директорка на „Танец“ и координатор на проектот „Остани во чекор“, Бранка Костиќ Марковиќ изјави:
– Самиот наслов на монографијата „Остани во чекор“, е во чекор со мотото на целата оваа јубилејна година на „Танец“. Да се остане во чекор и со традицијата и со модерното време е голем предизвик, но „Танец“ успева во тоа. Доказ е и оваа монографија која ги обединува архивските материјали и новите фотографии, на еден неконвенционален и современ дизајнерски начин, кој веруваме ќе допре со својата убавина до сите љубители на музичко-сценскиот фолклор, но и оние кои првпат се среќаваат со македонската култура. Во книгата, покрај авторскиот текст на познатиот македонски етномузиколог Кирил Тодевски посветен на десетте антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“ (кореографиите „Тешкото“, „Невестинско“, „Комитско“, „Седенка“, „Драчевка“, „Осоговка“, „Водарки“, „Тресеница“, „Тропнало оро“ и „Свадба“), се поместени и сите нотографии на кореографските постановки направени од музикологот Марко Коловски. Изборот на историските фотографии од архивата на „Танец“ го направи Светлана Ќириќ. Стручната редакција од етномузиколошки и етнокореолошки аспект беше моја и задача на Катерина Кузманоска. Ваквото луксузно и содржински богато издание секој би го посакал како сувенир. Издавачката куќа „Арс Ламина“ знае да ги препознае и поддржи вистинските вредности и истите да ги „спакува“ соодветно – рече Костиќ Марковиќ.

 


Директорот на „Танец“ Мартин Вучиќ нагласи дека овој ансамбл е „македонски бренд, подвижен музеј со илјадници концерти дома и надвор, со огромен фонд на народни ора, песни, инструментални мелодии, оригинални носии и прекрасни кореографии. Тој е еден од клучните чувари на македонската духовна култура, но и нејзин промотор и современ интерпретатор“.
– „Танец“ има поставено високи стандарди на негување и обработка на македонската песна, игра и свирка уште во 1949 година и нив ревносно ги почитува сиве овие години. Воопшто не е едноставно во исто време да се биде блиску до изворот и паралелно да се наметнуваат новите уметнички форми на третирање и презентација на фолклорните добра. Целата наша програма во јубилејната година беше конципирана и реализирана според овие начела и сметам дека успеавме во тоа зад нас да оставиме сезона за почит и гордеење. Годинава посетивме многу македонски градови, одржавме голем велигденски и импресивен јубилеен концерт, бевме дури на три меѓународни патувања. Од првото – во Париз, оркестарот донесе Гранд При, од второто во Шведска и третото во Австралија се вративме многу поискусни и целосно свесни за нашата голема вредност. Одржавме и четири врвни концерти пред публиката во Мелбурн, Канбера и Сиднеј… Круна на јубилејната година се новогодишниот концерт и оваа прекрасна книга. Многу се радувам што во рацете ја имам оваа монографија, која што ќе нѐ потсетува на 70-годишнината и ќе нѐ мотивира да бидеме уште попродуктивни во ситнењето на осмата декада на „Танец“ – рече Вучиќ.

Бранка Бугариска, директорка на издаваштвото во „Арс Ламина“ истакна дека „оваа монографија заслужува проминентно место во секоја библиотека, обележувајќи го не само големиот јубилеј, туку и широкото значење што „Танец“ го има во развојот на македонската култура и уметност“.
– Подготвување на оваа монографија со себе носеше посебна тежина. „Танец“, со својата повеќедецениска традиција, постави и продолжува да поставува многу високи уметнички стандарди, а тие стандарди оваа книга требаше соодветно да ги отслика. Се надевам дека барем до некаде успеавме во тоа. Кога уште на првата средба разговаравме со Мартин Вучиќ и Бранка Костиќ Марковиќ што да издвоиме во монографијата по овој повод, јасно беше дека за да ја отсликаме целокупната работа и улога на „Танец“ потребни ќе ни бидат неколку „дебели“ тома, и дека ќе ги повториме работите што веќе многупати биле кажани. Решивме да избереме поинаков пристап, односно „Танец“ да го претставиме преку десет негови најубави, антологиски кореографии, за првпат претставени и преку нотни записи на музичкиот дел. Кирил Тодевски, искусен и реномиран етномузиколог, како автор на текстот даде убав осврт на секоја од избраните кореографски постановки посебно, а Марко Коловски ги подготви нотографските записи. Во монографијата се користени архивски фотографии од поставените кореографии низ годините, а еден дел од фотографиите се посебно продуцирани за ова издание. За последново посебна благодарност до Маја Аргакијева. Од огромна помош во реализацијата на овој проект беше уметничкиот директор на „Танец“, Бранка Костиќ Марковиќ. Морам посебно да ги издвојам и да им се заблагодарам на колегите од „Арс Ламина“ кои придонесоа во објавувањето на книгата: Филип Видиновски (уредник на ова издание), Ема Харалампиева, Стефан Стојковски, Анета Илиевска, Дејан Василевски, Мира Манчевска, Зоран Фиданоски, Горан Црвенковски… како и на Марија и Метју Џонс.
Монографија „Остани во чекор“ наскоро ќе биде достапна во книжарниците „Литература.мк“.

 

 

One thought on “Свечено промовирана монографијата за „Танец“, „Остани во чекор“ од Кирил Тодевски во издание на „Арс Ламина“

  1. Пингување: Промовирана монографијата за „Танец“, „Остани во чекор“ од Кирил Тодевски – COOLTURA.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.