„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираа книги и списанија за деца во предновогодишна акција на Црвен Крст – Кисела Вода

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа книги и списанија за деца во предновогодишната хуманитарна акција на Црвениот Крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода. Донацијата содржи повеќе од 100 изданија од „Арс Ламина“: романи за деца, книги од едицијата „Лесно читливи лектири“, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.
Во рамки на донаторскиот проект „Подари пакетче, подари радост“, што се одржува втора година по ред, беа поделени подароци на децата во Детскиот клинички центар „Мајката Тереза“, Јавниот институт за белодробни заболувања – Козле, како и во ПОУ „Д-р Златен Сремец“.


Под мотото „Вклучи се заедно со нас, биди и ти нечиј Дедо Мраз!“ во петокот (20 декември 2019 г.) волонтерите на Црвен Крст, придружувани од јавни личности, Дедо Мразовци и маскоти од омилените цртани ликови: Мики и Мини Маус, Елса од „Снежното кралство“, Дора истражува, мињоните и други, поделија 350 пакетчиња, од кои 178 со храна и 172 со облека, постелнини, долна облека, средства за лична хигиена. Меѓу нив беа и книгите и едукативните изданија од нашата издавачка куќа, со надеж дека ќе им го направат поиздржлив тешкиот период на лекување на дечињата во Детската клиника и во ЈЗУ Институт – Козле.

 


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.