Сајтот и блогот на „Литература.мк“ наградени на изборот „Сајт на годината 2019“

Сајтот и блогот на „Литература.мк“ се меѓу наградените на изборот „Сајт на годината 2019“, што беа доделени вчеравечер во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје. Нашиот blog.literatura.mk го освои второто место во категоријата Најдобар блог, додека Literatura.mk е трет во конкуренција за Најдобар сајт за образование, наука и култура.


Слецијализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, петта годинa е во постојана потрага по интересни содржини и ширење на мисијата за читање литература. Ова е и петто признание во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината“. Минатата година беше прогласен за најдобар блог, во 2016 и 2017 година беше на второ место, а во 2014 на третата позиција.

„Сајт на годината“ е манифестација која по десетти пат во Македонија ги избира најдобрите веб-сајтови во повеќе категории. За победниците одлучиле гласовите на публиката.
Манифестацијата е организирана од „Медија Солушнс“ (Media Solutions) и системот за онлајн-реклами „Кип ан ај“ (Keep An Eye), а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.
За најдобар сајт на годината е прогласен Fakulteti.mk, кој ги предводеше и наградените и во категоријата за образование, наука и култура.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.