Промоција на „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска

На 20 декември (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе биде промовирана новата книга за деца „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од авторката Катерина Трајановска. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од Калиопи Трпчева.
Во средиштето на „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ е детската игра, конкретно, авантурите на главните ликови: Лили, Мечкина Канџа, Змејски Очи, Зиги и Гризли.
Оваа приказна не почнува со еден убав сончев ден на ливада, ниту, пак, со викенд на градската плажа. Па, дури ниту со прошетка во продавницата за дрвени играчки. О, не! Таа почнува на најсмешен, најчуден и најневеројатен начин, кога Оливер Томпсон Мекензи III, едно петгодишно дете од Шкотска, одбило да се капе во недела – одлука што длабоко ги вчудовидела и стаписала неговите родители. Оли стоел цврсто на својот став: не прифаќал ниеден компромис и одбивал по секоја цена да ги стави нозете во водата, која, како и обично, мирисала на градина со зрели малини.
Дури кога конечно го прашале зошто не сака да се капи, Оли им раскажал на своите родители за еден настан што вклучува една дружина од петмина, една метла, една вештерка, една пита од брокули и, како да ви кажам, еден пар смрдливи чорапи.
Промоторка на книгата ќе биде проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, од Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.