Свечено доделување на наградата „ПЕГАЗ“ и промоција на „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук

На 17 декември (вторник) во Музеј на Град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се одржи свечено доделување на книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“. На настанот ќе биде промовиран и победничкиот роман на конкурсот за 2019 година – „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.
Во краткиот опис за книгата се вели: „Тоа беше мала книшка по обем, со сосема обични корици, еднобојни, но, допрени од времето, личеа на печена глина и го имаа оној карактеристичен мирис на стара хартија. Сосема обично и логично. Насловот: Adeptus Anonimus – Sommnium. Година на издавање 1890, Лондон. Издавач: Теозофско Друштво. Морав да седнам. И седнав во еден ќош. Изненадувањето ми беше огромно, но не знам дали поради него, со голема брзина во мојата глава минуваа и се менуваа и борхесовиот сон и еден одамна прочитан и заборавен сон на Јунг, а го видов и Успенски – иако не знаев како изгледа – како ù вели на една мачка: ако е ова сон, оваа мачка нека се престори во пес“.
Наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.
На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“, пристигнаа 77 ракописи. За победникот, кој беше соопштен во септември 2019 г., одлучи тричлената стручна жири-комисија, во состав: Димитар Башевски (писател и издавач), Иван Шопов (писател) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“).
На свеченоста во Музејот на град Скопје промотор на книгата ќе биде Ѕвездан Георгиевски од Фондацијата „Славко Јаневски“, а ќе се обратат и претставници од жири-комисијата како и од „Арс Ламина“.
По промоцијата ќе се одржи пригоден коктел.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.