Промоција на „Архангел – Ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски

На 11 декември (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе биде промовирана книгата „Архангел – Ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
По завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметници. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостаток на вода за пиење, недостаток на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или целосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.
Промоторка на книгата ќе биде писателката Фросина Пармаковска.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.