Кирил Џајковски: Мојата автентичност прво ја проверив надвор, па дома

Во ова издание на „Астрорум“ гостувa нашиот познат музичар Кирил Џајковски. Неодамна, по цели 20 години, тој го реиздаде неговиот легендарен албум „Хоумбаунд“ (Homebound). Периодов е актуелен и со музиката напишана за најновиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“. Ова се дел од поводите за ова интервју.


Кирил Џајковски е познат македонски музичар и композитор, чија музика се протега низ повеќе стилови. Исто така, тој е автoр и на филмска и театарска музика. Кариерата ја започнал уште во осумдесетите години, во рамките на првата македонска електро-група Бастион, во која членувал и режисерот Милчо Манчевски. Џајковски има снимано албуми и со групата „Леб и сол“, со која настапувал низ цела Европа. Во почетокот на деведесеттите години се преселил во Австралија, каде продолжил да создава музика, комбинирајќи го македонскиот етнос со модерниот електронски звук. Како резултат на тоа произлегол неговиот прв соло-албум „Syntetic Theatre“, кој на независните радиостаници во Австралија станал прилично популарен. Негов следен албум е „Homebound“, којшто од хрватското издание на списанието „Playboy“ е прогласен за најдобар албум на годината на просторите на поранешната СФРЈ.


Неодамна, на 13 ноември излезе јубилејното реиздание на „Homebound“, точно дваесет години по оригиналната објава. Овој легендарен албум со своето појавување во 1999 година дефинираше нов музички правец, во кој традиционалната музика и современата електроника живеат во совршена хармонија. Оригинално објавен под тогашното уметничко име на авторот, Кирил, „Homebound“ беше еднакво фасцинантен и за публиката и за музичката критика, која не штедеше пофалби за храбрата мешавина од даунтемпо, музика од светот, брејкбит и драменбејз. Албумот доби одлични рецензии од речиси сите релевантни музички списанија и радиостаници и со тоа значително им го олесни патот на цела генерација нови музичари кои не се плашеа да експериментираат, да ги пробиваат постојните граници и да откриваат нови музички светови.

Кирил деновиве е актуелен со саундтракот за најновиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“, но неговиот потпис стои и зад успешните филмови „Прашина“ на Манчевски, „Балканкан“ и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Големата вода“ на Иво Трајков и други.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.